Златното момче на Србија, Никола Јокиќ, докажа дека и Балканците владеат на теренот (фото)

НБА сè уште важи за најдоброто кошаркарско натпреварување на планетата, но Американците не се единствените кои владеат на теренот. 

Zlatnoto-momche-na-Srbija-Nikola-Jokich-01.jpg

Во последните 3 сезони, токму Европејците ја освојуваат MVP наградата за најкорисен играч на сезоната. Минатите две сезони таа чест му припадна на Јанис Антетокумпо, играч со нигериски корени и грчки пасош.

Оваа година како што ни е добро познато, таа титула му припадна на српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Сосема заслужено, затоа што тој апсолутно блескаше во тимот на Денвер Нагетс.

Според ESPN, ова е историско достигнување, бидејќи тој е првиот центар што го добил ова признание во последните 20 години.

Во 2000 година, Шекил О’Нил беше последниот центар што ја освои наградата. Никола Јокиќ е впрочем само шестиот интернационален играч кој се закитил со ова признание.

Покрај ова, Јокиќ е првиот играч во историјата на НБА лигата што е избран во второто коло на драфтот и последователно стигна до индивидуална награда.

Иако неговиот тим не успеа да се пласира во трката за шампионскиот прстен оваа сезона, Јокиќ изјави дека никогаш не ни замислувал дека ќе биде дел од НБА лигата и им се заблагодари на своите соиграчи бидејќи без нив наградата би била невозможна.

Никола Јокиќ има само 26 години и е роден во Сомбор, Србија.

Во моментот има остварено заработка од 30 милиони долари кои со оглед на неговото темпо очигледно ќе се триплицираат бидејќи според многумина му претстои блескава спортска кариера.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...

Најчитани неделава