Соништата се остваруваат: Некогаш собата му била „храм“ на Роналдо, а денес игра на терен со него

Како дете неговата соба била „храм“ со постери на Кристијано Роналдо, а денес настапува на натпреварите на Европското Првенство како играч на француската репрезентација каде игра на ист терен со некогашниот идол.

Dokaz-deka-sonishtata-se-ostvaruvaat-Nekogash-sobata-mu-bila-hram-na-Ronaldo-a-denes-redi-uspesi-so-francuskata-reprezentacija-01.jpg

Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо имаа заеднички момент на натпреварот што се одигра во неделата помеѓу репрезентациите на Франција и Португалија. Натпреварот заврши нерешено (2:2), но беше уловен моментот додека тие си заминуваат во соблекувалните и се смеат и коментираат меѓусебно.

Dokaz-deka-sonishtata-se-ostvaruvaat-Nekogash-sobata-mu-bila-hram-na-Ronaldo-a-denes-redi-uspesi-so-francuskata-reprezentacija-02.jpg

Килијан Мбапе на возраст од 13 години бил фотографиран во неговата соба која била во целост излепена со постери од неговиот најголем фудбалски идол Кристијано Роналдо.

Во 2016-тата година кога Мбапе ја почнуваше својата фудбалска кариера, татко му во интервју говореше за тоа колку младиот Килијан бил опседнат со португалскиот фудбалер.

Dokaz-deka-sonishtata-se-ostvaruvaat-Nekogash-sobata-mu-bila-hram-na-Ronaldo-a-denes-redi-uspesi-so-francuskata-reprezentacija-03.jpg

Како што рече, Килијан со часови гледал видеа од Роналдо на интернет, a и играчот самиот призна дека во младоста Роналдо бил негов идол, но дека откако ја започнал сопствената фудбалска кариера најважно му било да победува.

Dokaz-deka-sonishtata-se-ostvaruvaat-Nekogash-sobata-mu-bila-hram-na-Ronaldo-a-denes-redi-uspesi-so-francuskata-reprezentacija-04.jpg

„Мојот прв идол беше Зидан, поради сè што постигна со националниот тим. Потоа беше Кристијано Роналдо. Тој освои многу и продолжува да напредува и покрај големиот успех“ – рече тогаш младиот Мбапе.

Кариерата на Мбапе е доказ дека напорната работа, трудот и секако талентот се рецепт за остварување на соништата. Во 2017-тата година тој потпиша договор со Париз Сен Жермен каде првично беше на позајмица, а во 2018-тата година потпиша договор тежок 180 милиони евра, со што се запиша како најскапо купен играч и најскапо купен тинејџер.

Dokaz-deka-sonishtata-se-ostvaruvaat-Nekogash-sobata-mu-bila-hram-na-Ronaldo-a-denes-redi-uspesi-so-francuskata-reprezentacija-05.jpg

Во овој клуб Мбапе освои три титули во Лигата 1, три титули во Куп де Франс, два пати ја доби наградата „играч на годината“ во Лигата 1 и беше најдобар стрелец во Лигата 1 три сезони по ред. Тој исто така е трет по ред играч со најмногу постигнати голови во историјата на клубот.

Освен тоа, му се остварија соништата да игра и за француската репрезентација и да го даде својот придонес.

Во 2018-тата година Мбапе беше најмладиот француски играч што дал гол на Светското првенство во фудбал, а беше втор по ред тинејџер (по Пеле) што дал гол на СП. Таа година Франција го освои Купот, откако ја победи Хрватска со резултат 4:2.

Мбапе денес е меѓу петте или десетте најдобри фудбалери и беше сериозен кандидат за добитник на наградата „Златна топка“ (Balon d’ Or) за најдобар играч на годината, пред церемонијата да биде откажана поради светската пандемија.

Дополнително, во моментов по најавите дека тој самиот побарал да го напушти Париз Сен Жермен, како најсериозни кандидати каде што би можел да ја продолжи кариерата се напоменуваат Ливерпул и Реал Мадрид.

Но, обидите на Реал да го „купи“ младиот играч не се нови. Тие започнуваат уште од 2012-тата година, кога тогаш 14-годишниот Мбапе бил поканет на стадионот во Валдебебас каде се сретнал со својот идол Кристијано Роналдо.

Dokaz-deka-sonishtata-se-ostvaruvaat-Nekogash-sobata-mu-bila-hram-na-Ronaldo-a-denes-redi-uspesi-so-francuskata-reprezentacija-06.jpg

Сепак, иако младиот Мбапе тогаш одлучил својата кариера да ја почне во клубот Монако, не си заминал од Реал без да направи фотографија со својот идол и да ја објави на социјалните мрежи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg