Голема разлика во висина, се знаат од деца – која е девојката на италијанскиот голман кој ја донесе победата на Еуро 2020?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Голема разлика во висина, се знаат од деца – која е девојката на италијанскиот голман кој ја донесе победата на Еуро 2020?

Џанлуиџи Донарума и Алесија Елефанте се знаат од деца, а пет години уживаат во романтичната врска. Што знаеме за срамежливата и повлечена девојка на херојот на италијанската репрезентација, кој ѝ ја донесе победата на Италија на финалето на Еуро 2020?

golema-razlika-vo-visina-se-znaat-od-deca-koja-e-devojkata-na-italijanskiot-golman-koj-ja-donese-pobedata-na-euro-2020-01.jpg

Џанлуиџи Донарума е дефинитивно херојот на финалниот меч на Европското првенство во фудбал кој со своите одбрани ѝ донесе победа на својата репрезентација.

Донарума на својот Инстаграм профил објави фотографија како го бакнува пехарот, а сега како и сите останати, веројатно ќе се посвети на свршеницата Алесија Елефанте, со која е во романтична врска пет години.

Алесија и Џанлуиџи потекнуваат од истата провинција на Неапол, Кастеламаре ди Стабиа, а живеат заедно во Милано. Џанлуиџи е познат по тоа што својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста, а Алесија е мошне приватна девојка.

Честопати тема на разговор во медиумите е големата разлика во висината помеѓу нив, но токму тоа ги прави уникатен и прекрасен пар.

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-koj-i-donese-pobeda-na-Italija-02.jpg

Пред врската со Алесија, за Џанлуиџи нема информации дека имал други девојки, но со неа е во врска цели пет години. Се вели дека тие се познаваат уште од времето кога биле тинејџери, но нема точни податоци кога и каде се запознале.

Се претпоставува дека се запознале преку заеднички пријатели, а дека по неколку години пријателство во 2016-тата година почнале романтична врска и оттогаш се неразделни. Една година подоцна одлучиле да живеат заедно.

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-koj-i-donese-pobeda-na-Italija-03.jpg

Алесија и Џанлуиџи веќе се на чекор до брак. Голманот на неговата девојка веќе ѝ дал веренички прстен со розов дијамант.

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-donese-04.jpg

За разлика од некои други сопруги и девојки на славните фудбалери, Алесија е мошне срамежлива. Нејзиното момче често се наоѓа на насловните страници на списанијата и таблоидите, но за неа се знае многу малку.

Нејзините профили на социјалните мрежи се заклучени, а има мошне малку следбеници (најверојатно само најблиските пријатели). Како и да е, сепак има неколку фан профили на Инстаграм каде може да се најдат повеќе фотографии од неа.

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-koj-i-donese-pobeda-na-Italija-05.jpg

Инаку, како интересен факт за Алесија и Џанлуиџи е тоа што и двајцата родендените ги слават на 25-ти во месецот. Џанлуиџи е роден на 25-ти февруари, а Алесија е две години постара од него и роденденот го слави на 25-ти мај.

Тие исто така често се тема на разговор во медиумите поради големата разлика во висината, но токму тоа ги прави уникатен пар кој покажува дека за љубов не постојат никакви ограничувања. 

За Алесија не се знае колку е висока, но на фотографиите може да се види дека изгледа многу пониско од голманот со височина од 196 cm.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-08.jpg

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-09.jpg

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-10.jpg

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-11.jpg

Alesija-Elefante-zgodnata-i-sramezzliva-devojka-na-golmanot-ganluigi-donaruma-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто Роналдо е непобедлива фудбалска машина и совршен идол Португалецот со челична дисциплина и вонсериски талент за фудбал го воодушевува ...
Мислел дека нема шанси кај неа, а сега имаат 4 деца - Пилар Рубио (43) е згодната сопруга на Серхио ... По четири родени деца и на 43 години шпанската ТВ водителка и сопруга на познати...
Херој на денот: Капитенот на Данска прв му укажа помош на Ериксен, па отиде да ја утеши неговата дев... Во моменти на шок, капитенот на Данска прв се сети да му го извади јазикот на Ер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg