Магично осветлување и спектакуларен огномет на отворањето на Олимписките игри во Токио (видео)

Попладнево во Токио една година подоцна започна церемонијата на свеченото отворање на 32-ите летни олимписки игри во Токио.

So-spektakularen-ognomet-i-bez-publika-otvorena-olimpijadata-vo-Tokio-01.jpg

Со волшебен огномет започна спектакуларната церемонија на свеченото отворање на игрите. Она што ја прави годинешната церемонија поинаква од сите претходни е тоа што се одвива без присуство на публика.

На настанот присуствуваа само 950 важни личности и светски лидери во огромна арена со капацитет од 68.000 седишта.

Инаку, дел од организаторите даваа предлози звукот на публиката да биде емитуван преку озвучување, но таквата идеја беше отфрлена.

/photo/1

Македонија на игрите во Токио е преставена од осум спортисти во седум спортови. По повод учеството на македоснките спортисти на Олимписките игри се огласи и претсетдателот Стево Пендаровски. Тој на неговиот Инстаграм профил напиша:

„Многу среќа и успех на осумте наши спортисти кои ќе ја претставуваат Северна Македонија на 32-те Летни олимписки игри 2020. Нашето знаме се развиори на свеченото отворање на Националниот стадион во Токио.“

Пред отворањето надвор од арената се собраа поголем број обожаватели, но секако влезот не им беше дозволен.

Следете го спектакуларното отворање во живо: 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Мараја Кери ја пее Volare, Валентино Роси вози трамвај - спектакуларно отворање на Зимската олимпија... Свеченото отворање за Зимската Олимпијада во Милано и Кортина изгледа спектакула...

Најчитани неделава