Беше прогласена за најсекси спортистка, одбила да се слика за Плејбој – атлетичарка која мами воздишки во Токио (фото)

22-годишната Алика Шмит се смета за една од најзгодните олимпијки во Токио - открива дека слабост ѝ е чоколадото, има одбиено да се слика за Плејбој бидејќи сака да ја знаат по спортот и успесите кои ги ниже како атлетичарка. 

Alika-Shmidt-e-najzeshkata-sportistka-vo-Tokio-2020-Odbila-da-se-slika-za-Playboy-a-slabost-i-e-chokoladata-01.jpg

Атлетичарката стана позната уште како јуниорка во 2017-тата година кога освои сребрен медал за Германија на Шампионатот за Европски атлетичари под 20 години.

Покрај спортските успеси, во 2017-та година Алика Шмит од Busted Coverage беше опишана како најсекси спортистка во светот.

„Не знам зошто ја добив таа титула. Јасно е дека најважен ми е спортот. Има илјадници девојки на Инстаграм што изгледаат добро, но немаат толку многу обожаватели“ – рече таа откако ја доби титулата.

На Инстаграм таа има 2.1 милиони следбеници што постојано ги следат нејзините фотографии, како од теренот така и од приватниот живот. 

Алика е родена на 8-ми ноември 1998-ма година во Германија. Со атлетика почнала да се занимава релативно рано, кога имала само 6 години.

Нејзин најголем сон бил да учествува на летните олимписки игри во Токио. Таа се натпреварува на кратки патеки, на 200, 400 и 800 метри, но и на патеката 4 x 400 (штафета).

Таа покрај по нејзините спортски успеси е препознатлива и по долгите нозе, витката става, но и ангелскиот лик. Згодната Алика веќе добила понуда да се фотографира за Playboy но одбила, затоа што за неа спортот е на прво место.

„Сакам да ме препознаваат преку спортот, а не преку мојот изглед“ – вели таа.

Таа тренира секој ден по 6 часа, а освен што се занимава со атлетика поминува доста време и во теретана на кондициони подготовки. Иако вели дека се придржува кон здрава исхрана, сепак признава дека не се ограничува, а нејзина најголема слабост е чоколадата.

Кога не се занимава со спорт, тогаш патува. Сака да оди на егзотични места и објавува фотографии од местата што ги посетила. Таа е во повеќегодишна врска со Фреди Рихтер, кој е бодибилдер, но има и профил на Инстаграм насловен Richter-raw каде објавува само портрети од неговата девојка.

Алика ќе ја гледаме во текот на следната недела, кога за нејзината земја ќе се натпреварува во штафета 4х400. По пристигнувањето во Токио таа објави видео на кое обожавателите можеа да ја видат како се истегнува и се подготвува.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...

Најчитани неделава