Мислел дека нема шанси кај неа, а сега имаат 4 деца - Пилар Рубио (43) е згодната сопруга на Серхио Рамос

По четири родени деца и на 43 години шпанската ТВ водителка и сопруга на познатиот фудбалер Серхио Рамос, Пилар Рубио изгледа неодоливо. Во што е нејзината тајна?

mislel-deka-nema-shansi-so-nea-pilar-rubio-43-e-zgodnata-sopruga-na-serhio-ramos-so-koja-ima-chetiri-deca-01.jpg

Пилар Рубио Фернандез е шпанска репортерка и ТВ водителка, но таа е најпозната како сопруга на познатиот шпански фудбалер Серхио Рамос.

Пилар има 43 години, таа е мајка на четири деца, а на нејзиното тело може да ѝ завидат и голем број млади девојки. Тајната за нејзиното совршено тело се крие во постојаното вежбање, а таа често на социјалните мрежи споделува и видеа од нејзините тренинзи.

Пилар е мошне успешна жена, што покрај тоа што е мајка на 4 деца е целосно посветена и на сопствената кариера. Таа се знаимава и со моден дизајн, а веќе дизајнирала колекција костими за капење за шпанскиот бренд „Селмарк“.

„Мајка ми беше шивачка, така што пораснав опкружена со машини за шиење и со ткаенини“ – откри таа во минатото во интервју за шпанското Vanity Fair.

Пилар и Серхио се во врска од септември 2012-тата година, односно откако Шпанија победи на Европското првенство. Тие се сретнале на прославата за победата на Шпанија. По ова за првпат се појавиле заедно во јавност на доделувањето на наградата „Златна топка“ во 2013-тата година.

Две години подоцна, Пилар го роди нивниот прв син, што се вика Серхио исто како татко му, вториот син Марко го добија во 2015-тата година, а во 2018-тата го добија и третиот син Алехандро.

Минатата година во август го добија и четвртиот син, Максимо Адриано, а само по 20-тина дена објави фотографија на Инстаграм, на која се гледаше дека веднаш успеала да се врати во форма.

Инаку, тие цело време живееја во вонбрачна заедница, па дури по третото дете одлучиле да стапат во брак. Тие се свршија во 2018-тата година, а во 2019-тата стапија во брак на церемонија што се одржа во големата Катедрала Севиља во Шпанија, на која присуствуваа голем број познати личности.

Откако стапија во брак, Серхио Рамос призна дека претходно сонувал за неа, но сметал дека нема шанси со неа. Сепак, собрал храброст и ѝ испратил порака на WhatsApp, по што таа му одговорила на пораката и останатото е историја.

Повеќе фотки во продолжение: 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...

Најчитани неделава