Заедно се од деца и таа му е најголема поддршка – Сопругата на Меси се огласи по неговото заминување од Барселона

„Со семејството како основа, повторно ќе излеземе на теренот, посилни од кога било... Да одиме каде и да одиме заедно и секогаш напред“ – порача меѓу другото сопругата на Лионел Меси по шокантните вести дека тој по 21 година ја напушта Барселона.

zaedno-se-od-deca-i-taa-mu-e-najgolema-poddrshka-soprugata-na-mesi-se-oglasi-po-negovoto-zaminuvanje-od-barselona-1.jpg

По 21 година поминати во клубот во кој ја започна својата кариера, Лионел Меси заминува од Барселона. Со солзи и тага, Меси се прости од своите обожаватели, а неговата сопруга Антоанела Рокуцо на Инстаграм објави емотивна порака во знак на поддршка на сопругот.

zaedno-se-od-deca-i-taa-mu-e-najgolema-poddrshka-soprugata-na-mesi-se-oglasi-po-negovoto-zaminuvanje-od-barselona-02.jpg

До фотографијата на која се гледаат таа, Меси и нивните три сина Тијаго, Матео и Чиро до големиот број трофеи за кои Меси дал свој придонес во клупската кариера во Ф.К. Барселона, Антоанела напиша:

„Колку е тешко да се соберат во неколку реченици сите години што ги проживеавме! Толку многу емоции што оставиле белег засекогаш во нашите животи. Но, како што вели изреката: ‘Што нема да нè убие, само ќе не направи посилни’. А со семејството како основа, повторно ќе излеземе на теренот, посилни од кога било... Да одиме каде и да одиме заедно и секогаш напред“.

Антоанела Рокуцо и Лионел Меси се познаваат уште од 5-6-годишна возраст. Тие се во брак од 2017-тата година и имаат три деца, а две од нив ги добија уште да стапат во брак. 

Инаку, Антоанела е позната како скромна беспрекорна убавица, која му е најголема поддршка на Меси. Таа има 16 милиони следбеници и постојано објавува фотографии од нивниот семеен живот.

Погледнете дел од фотографиите на Антоанела:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...

Најчитани неделава