36 години е во брак, носи брада од 80-тите години - Факти за тренерот на РК Вардар, Веселин Вујовиќ

Со сопругата Лилјана се 36 години во брак, без брада не се појавил од 80-тите години на минатиот век. Што знаеме за приватниот живот на Веселин Вујовиќ, тренерот на РК „Вардар“.

36-godini-e-vo-brak-nosi-brada-od-80-tite-godini-fakti-za-trenerot-na-rk-vardar-veselin-vujovikj-01.jpg
фото: Facebook/ Iinstagram 

Тренерот Веселин Вујовиќ (60), годинава, по третпат се врати како тренер во ракометниот клуб „Вардар“. 

Вујовиќ беше на клупата на Вардар првпат од 2006-та до 2009-та година, а потоа и од 2011-та до 2013-та година.

Со него екипата на Вардар ја освои првата титула во СЕХА лигата во 2012 година, а откако си замина година подоцна работеше на неколку места.

Во продолжение прочитајте уште неколку интересни факти за него:

Веселин Вујовиќ е црногорски ракометар што изгради успешна ракометна кариера како играч, а во последните децении гради успешна кариера и како тренер.

Малкумина знаат дека кариерата ја почнал и како кошаркар и ракометар за црногорски „Ловќен“, но сепак, како што вели, се одлучил за ракометот затоа што во ракометот играле некои славни играчи во тоа време.

veselin-vujovikj-so-soprugata-e-36-godini-vo-brak-so-brada-e-od-80-tite-godini-fakti-za-trenerot-na-vardar-02.jpg

Во 1984-та и 1988-та година учествувал на Летните Олимписки игри како дел од националниот тим на Југославија.

12697045_1725633254322786_5179031154311534359_o_resize.jpgфото: Facebook

За време на својата успешна кариера како играч имал повеќе тешки повреди, но за повредата на тетивата на десната нога од 1987-мата година, една година пред да учествува на Олимпијадата, напиша подолга исповед за тоа како ја доживеал.

„Кога ми пукна тетивата прво што помислив е дека веќе нема да има ракомет, а тоа за мене беше како некој да ми го одзема животот. Веднаш дотрча сопругата. Знам дека во амбулантното возило говорев како нема да одиме во Барселона, нема да има сонце, нема да има Олимпијада“ – пишува тој.

veselin-vujovikj-so-soprugata-e-36-godini-vo-brak-so-brada-e-od-80-tite-godini-fakti-za-trenerot-na-vardar-03.jpgфото: Facebook

Во својата кариера живеел во Барселона, во Загреб, во Скопје, а во 2015-та година во интервју откри дали неговата сопруга го има главниот збор кога тој одлучува каде ќе ја продолжи кариерата:

„Јас реков дека ќе бидам тренер сè додека семејството доаѓа таму каде што јас ќе одлучам. Тогаш кога ќе кажам дека мора да одам таму затоа што на мојата сопруга таму ѝ е добро или затоа што моите деца можат таму да одат во училиште или да најдат работа, тогаш нема да бидам тренер и нема да бидам вистински професионалец“ – откри тој.

Со години наназад тој се појавува во јавноста со брада. Во истото интервју за хрватските медиуми откри дека брадата последен пат во целост ја избричил во 1987 до 1988 година кога служел воен рок во ЈНА.

veselin-vujovikj-so-soprugata-e-36-godini-vo-brak-so-brada-e-od-80-tite-godini-fakti-za-trenerot-na-vardar-04.jpg

Освен што се занимавал со кошарка и ракомет, Вујовиќ има и кафеав појас во карате.

Со сопругата Лилјана Вујовиќ се во брак 36 години и заедно ја имаат ќерката Бојана, со која тренерот е мошне близок.

Лилјана и Веселин годинава ја добија внуката Николина, а фотографиите од среќните баба и дедо беа споделени на Инстаграм профилот на Бојана.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...

Најчитани неделава