Судот одлучи: Ѓоковиќ доби виза за престој, на потег се австралиските власти – слобода или забрана за влез?

Судот во Австралија донесе позитивна одлука за Новак Ѓоковиќ – тенисерот доби виза за престој и ќе може да учествува на Australia Open 2022. Сепак, дел од медиумите пишуваат дека постои можност австралиските власти повторно да му ја одземат визата по други основи.

sudot-odluchi-novak-gjokovikj-dobi-viza-za-prestoj-na-poteg-se-avstraliskite-vlasti-01.jpg

Тешка ноќ за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (34). Од полноќ, речиси до 7 и 30 утрово траеше судското рочиште во кое се решаваше за престојот на Ѓоковиќ во Австралија.

Со повеќе прекини и паузи, целото рочиште траеше седум часа, а тенисерот одлуката ја дочека во хотелската соба во хотелот за мигранти „Парк“ каде што престојуваше во текот на изминатите денови.

Целиот судски процес се пренесуваше во живо на YouTube, а љубителите на тенисот имаа можност да ја следат процедурата во која се одлучуваше дали Србинот ќе биде депортиран или ќе остане да се натпреварува на Australia Open 2022.

Визата на Ѓоковиќ му беше одземена поради тоа што влегол во земјата без претходно примена вакцина против ковид, но првичната одлука на властите беше поништена од Судот за време на судското рочиште.

Австралискиот суд донесе одлука Ѓоковиќ да добие виза за престој, а австралиската влада во целост ќе треба да му ги плати трошоците и во рок од 30 минути по изрекувањето на пресудата Новак требаше да биде пуштен на слобода, да му биде вратен пасошот и личните предмети.

Сепак, како што посочуваат дел од медиумите, иако големиот број обожаватели на Новак веќе ја слават победата, сепак Министерството за надворешни работи на Австралија може повторно да му ја откаже визата по други основи од законот.

Доколку Новак биде депортиран од Австралија, ќе следи тригодишна забрана за влез во земјата.

Прочитајте и Драмата со Ѓоковиќ продолжува – одбиени му се барањата за личен готвач и пристап до тениски терен, што ќе добие?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...

Најчитани неделава