„Радувај се Македонијо и слави ги овие херои!“ - Македонски врвни спортисти со чии успеси вечно ќе се гордееме

На нашето поднебје отсекогаш имало и ќе има спортски таленти, кои со својата макотрпна работа постигнале многубројни успеси.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme_01_630x330.jpg

Лига на шампиони, златни медали се само дел од врвните достигнувања на македонските спортисти на кои секогаш ќе бидеме горди и ќе непрекинато ќе ги бодриме.

Во продолжение ви издвојуваме 13 од многуте врвни македонски спортисти кои освоиле и допрва ќе освојуваат највисоки одличја, а листата сигурно може да се дополнува со уште многу други таленти.

Евгениј Поп Ацев

Маратонецот Евгениј Поп Ацев, роден 14.05.1988 година, воедно и доктор по стоматологија е еден од најуспешните македонски пливачи во дисциплината далечинско пливање (маратон).

Поп Ацев е трикратен светски првак во маратонско пливање во 2015, 2017 и 2019 година, а и единствениот Македонец кој победил на Охридскиот маратон.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 02 630x343.jpg

Стојанче Стоилов

На 30.04.1987 година е роден еден од најдобрите македонски ракометари денес. Капитен на најдобриот македонски ракометен колектив, РК Вардар.

Двоен освојувач на Лигата на шампиони, вистински поим за борец до последниот здив. Столе ти си наша икона!

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 03 630x430.jpg

Перо Антиќ

Перо Антиќ е роден на 29.07.1982 година. Неговата богата кариера ја започна во КК Работнички во далечната 1999 година, а ја заврши во КК Црвена Звезда во 2018 година.

Двократниот освојувач на Евролигата со неговиот Олимпијакос, воедно и единствениот Македонец кој заигра во најсилната Американска лига, НБА во тимот на Атланта Хокс.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 04 630x437.jpg

Игор Стефановски Иџе

Иџе е роден на 27.12.1983 година. Овој спортист е најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки.

Двократен европски освојувач во дисциплината ридски патеки (2014, 2015), воедно и прогласен за најдобар македонски спортист во 2014 година.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 05 630x380.jpg

Могамед Ибрагимов

Роден на 22.07.1974 година, е македонски борец со потекло од Дагестан. На летните олимписки игри во 2000 година, во категоријата борење во слободен стил до 85 килограми се одликува со бронзен медал.

Овој спортист долги години беше единствениот македонски спортист кој успеал да добие медал на олимпијада откако Македонија е независна држава.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 06 630x420.jpg

Дејан Георгиевски

Роден на 08.05.1999 година, Дејан Герогиевски во 2021-вата година по долги години ѝ донесе на Македонија сребрен медал од Олимпијадата во Токио.

Дејан е таеквондист кој се натпреваруваше во категоријата +80 килограми, а за жал загуби во финалната борба со Русинот Владислав Ларин.

Дејан од Токио се врати со „сребро вредно како злато“ за Македонија, а допрва може да очекуваме да се радуваме на неговите понатамошни успеси.

raduvaj-se-makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme-16.jpg.jpg

Уште седум спортисти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Бонџорно на сите, освен на Италијанците“ - хит твитови на македонските твитерџии по историската поб... „Бонџорно на сите, освен на Италијанците - нив, чао рагаци“, „Роналдо, идеме по ...
Татко му не сакал тој да вози Формула 1, бил со него кога се случи страшната несреќа на Алпите – Фак... Физички премногу наликува на својот славен татко, а сега тргна по неговите стапк...
Млад скијач освои сребро на Олимписките игри по страшна сообраќајна несреќа - бил во кома со скршен ... Американскиот скијач Колби Стивенсон кој освои сребро на Олимписките игри во Пек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg