„Радувај се Македонијо и слави ги овие херои!“ - Македонски врвни спортисти со чии успеси вечно ќе се гордееме

Индира Кастратовиќ

Родена на 02.10.1970 година, оваа ракометарка е една од најдобрите македонски ракометарки и еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометната игра.

Нејзината ракометна кариера започнала во клубот Халаш Јосеф, Војводина. Во 1994 година, потпишува договор со екипата  на Кометал Ѓорче Петров, каде и ја завршува својата кариера во 2006 година.

Паралелно нижејќи успеси со Кометал, започнува да настапува и за македонската женска ракометна репрезентација со која најголемиот успех го постигнува на СП во Германија 1997 година, каде Македонија го освои одличното 7-мо место, а таа е прогласена за најдобар стрелец на првенството.

Кулминацијата во нејзината кариера е освојувањето на Лигата на шампиони, во 2002 година.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 07 630x398.jpg

Врбица Стефанов

Роден на 19.12.1973 година, Врбица е синомимот на македонската кошарка во периодот од 2000 до 2010 година.

Неговата кариера ја започнал во 1992 година, во клубот МЗТ и траела се до 2009 година, во неговиот последен клуб Менорка.

Во овој период, Стефанов има настапувано за многу европски екипи, меѓу кои се Пинар Каршијака, АЕК, Монтепаски, Фенербахче и многу други.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 08 630x354.jpg

Елиф Елмас

Овој супер-талентиран македонски бисер е роден на 27.09.1999 година. Неговата кариера започнува во Форца Вардар, а сега настапува во италијанскиот клуб Наполи.

Стандарден првотимец во македонската фудбалска репрезентација, иден лидер и предводник на нашите рисови.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 09 630x420.jpg

Петар Наумоски

На 27.08.1968 година е роден нашиот најтрофеен кошаркар досега. Неговата блескава кариера започнува во КК Сплит, каде што 2 години по ред ја освојува Евролигата.

Таа завршува во МЗТ Скопје, во 2011 година. Во тој период, има играно за многу европски екипи како Ефес Пилсен, Бенетон Тревизо, Монтепаски Сиена каде што има освоено многубројни титули.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 10 630x315.jpg

Бесир Алили

Младиот Бесир Алили, роден 2003 година, неодамна освои златен медал на кадетското европско првенство во борење во Фиренца, Италија. Напред Бесир, очекуваме уште многу златни одличја од тебе!

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 11 630x420.jpg

Горан Пандев

Una magia di Goran Pandev - нешто што често го слушаме од италијанските фудбалски коментатори.

Роден 27.07.1983 година, овој македонски фудбалер е еден од најдобрите македонски фудбалери од самата нашата независност.

Неговата кариера започнува во струмичка Беласица, од каде што и потекува Горан. Моментално настапува за италијанскиот клуб Џенова.

Неговиот најголем клубски успех е во 2011 година, кога со италијанскиот клуб Интер ја освојуваат Лигата на шампионите!

На репрезентативно ниво, настапуваше од август 2002, каде што се покажа како неприкосновен лидер и капитен.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 12 630x397.jpg

Кире Лазаров

Роден во Свети Николе, на 10.05.1980 година, овој ракометар без исклучок е најдобриот во нашата ракометна историја, воедно и меѓу најдобрите десни бекови во светската ракометна историја.

Неговата блескава кариера започнува во 1997 година, во ракометниот клуб Пелистер. Моментално настапува во францускиот ракометен клуб Нант.

Има настапувано во многубројни европски клубови, како што се РК Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона.

Неколкупати најдобар стрелец во ЛШ, освојувач на ЛШ, вистинска легенда и пример за професионален спортист.

На репрезентативно ниво, го има своето деби во далечната 1999 година, на светското првенство во Египет. Вечно познат како капитен и најдобар десен бек во нашата ракометна историја.

Raduvaj-se-Makedonijo-i-slavi-gi-ovie-heroi-Makedonski-vrvni-sportisti-so-chii-uspesi-vechno-kje-se-gordeeme 13 630x426.jpg

Слободно дополнете ја листата... Знаеме дека е долга! 

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...

Најчитани неделава