15-годишно девојче испиша историја на Олимписките игри со „невозможен“ скок - Која е Камила Валиева?
- Детали
- вторник, 08 февруари 2022
Почнала да лизга на само три години, а на 11 години имала тешка повреда поради која можела да ја заврши кариерата. Што знаеме за 15-годишната Камила Валиева која испиша историја на Олимписките игри во Пекинг?
Петнаесетгодишната Камила Валиева стана првата лизгачка во историјата што успеа да изведе четирискок на Олимписки игри и тоа двапати. Се обиде тоа да го направи и по третпат, но не успеа.
Нејзиниот настап:
Сепак, подвигот на оваа млада девојка беше доволен за да ѝ обезбеди златен медал на Руската репрезентација во тимското натпреварување во уметничко лизгање.
Светските медиуми денес пишуваат за успехот на младата девојка, а што знаеме за неа?
Неколку интересни факти за Камила Валиева:
Камила е родена на 26-ти април 2006-та година во Казан (Татарстан, Русија). По националност таа е Татарка.
Од најмала возраст почнала да се занимава со гимнастика, а на 3,5 години почнала да се занимава со уметничко лизгање. Според нејзините тренери, на возраст од 4 години младата Камила била физички развиена како 8-годишно девојче и била меѓу најдобрите.
Во 2012-та година нејзиното семејство се преселило од Казан во Москва за да ѝ овозможат на Камила да напредува во кариерата со уметничко лизгање.
Во 2017-та година, на 11 години Камила имала на ногата поради што долго време стравувала да изведува трикови. По работењето со некои од најпознатите руски уметнички лизгачи Камила брзо се вратила во форма.
Во 2018-та година, на возраст од 12 години Камила почнала да се појавува на професионалните натпревари.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





