Најсекси фудбалска судијка во светот, магична свадба на Санторини со 20 години постариот сопруг – Која е Каролина Бојар?

Во 2020-та година направи свадба со својот сопруг Даниел Стефански на Санторини, кој е 20 години повозрасен од неа. Потоа беше на патување околу светот, а сега најави дека повторно се враќа на фудбалскиот терен. Факти за Каролина Бојар Стефанска која важи за најсекси фудбалски судија.

karolina-bojar-e-najseksi-fudbalski-sudija-vo-svetot-ima-20-godini-povozrasen-soprug-so-kogo-napravi-magichna-svadba-na-santorini-01.jpg

Каролина Бојар Стефанска (25) од Полска редовно суди на машките фудбалски натпревари во Полска.

Таа ги руши предрасудите дека фудбалот е само „машки“ спорт, а со објавите на Инстаграм мами воздишки како кај машката, така и кај женската популација.

Во продолжение неколку интересни факти за неа:

Каролина од најмали нозе почнала да се занимава со спорт. Прво ги следела чекорите на нејзината мајка и почнала да тренира атлетика, но заради повреда морала да се откаже.

На возраст од 17 години Каролина одлучила да се испроба во професијата на нејзиниот дедо Карол и така станала фудбалски судија, а поголема слава стекнува во 2017-та година откако почнала да работи како судија во германската Бундеслига.

Благодарение на одличната фигура и добриот изглед таа има огромен број следбеници на социјалните мрежи, а во 2018-та година и британскиот весник The Sun посвети цела статија за неа, каде таа ја доби титулата за најсекси фудбалски судија во светот.

Во 2020-та година Каролина во Тајланд се вери со нејзиниот сегашен сопруг Даниел Стефански кој е 20 години повозрасен од неа.

Неколку месеци подоцна, тие направија бајковита свадба на Санторини:

„Зад седум планини, зад седум шуми, над вулканската купа во Санторини, 10 минути по земјотресот испишавме ново поглавје во нашата љубовна приказна. Те сакам“ – напиша таа на Инстаграм.

Каролина беше на интернационален тренинг за УЕФА судии, замина на патување околу светот, а неодамна најави дека планира повтoрно да се врати на фудбалските терени.

Повеќе фотографии од Каролина на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се женел трипати, прв почнал да рекламира Вијагра – Што знаеме за Пеле, кој почина на возраст од 82 ... Енди Ворхол рекол дека славата на Пеле ќе трае 15 векови, за време на фудбалскат...
Бил оставен во манастир како бебе, добил страшна лузна на 2 години – Факти за фудбалерот Франк Рибер... Како бебе бил оставен на скали од манастир, а на 2 години во сообраќајка ќе ја д...
Пике со солзи во очите се прости од фудбалската кариера – По натпреварот ја бакнува новата девојка, ... „Погледнете тој ја бакнува, а таа стои вкоченето. Тој ја сака, а таа е со него с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg