Мајката на Новак Ѓоковиќ ја откри неговата тајна: „Не сакаше ниту да се оперира“

„Новак не сака лекови, не сака да внесува сѐ и сешто во својот организам, се каеше откако отиде на операција на раката“ – откри мајката на најпознатиот тенисер, Дијана. Таа говореше за тоа какви ставови има тој за современата медицина.

dijana-gjokovikj-ja-izdade-dolgo-chuvanata-tajna-na-najpoznatiot-teniser-vo-svetot-ne-sakashe-da-se-operira-ne-veruva-vo-medicinata-01.jpg

Мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана гостуваше во емисијата „Dok anđeli spavaju“, каде раскажа повеќе детали од сопствениот живот, но откри и повеќе тајни за животот на нејзиниот познат син.

dijana-gjokovikj-ja-izdade-dolgo-chuvanata-tajna-na-najpoznatiot-teniser-vo-svetot-ne-sakashe-da-se-operira-ne-veruva-vo-medicinata-02.jpg

Од детали за своите внуци и деца, до интересни анегдоти од животот со нејзините синови, Дијана најмногу внимание во емисијата му посвети на Новак, а нагласи дека подеднакво е горда на сите членови во нејзиното семејство.

„Јас сум пред сѐ мајка, многу сум горда на тоа што Новак го постигна, но јас сум мајка на три сина. Секогаш ќе го нагласувам тоа и не можам да ги делам Новак од Марко и Џоле и за мене моите три деца се мои три бисери и на сите сум подеднакво горда“ – рече таа.

dijana-gjokovikj-ja-izdade-dolgo-chuvanata-tajna-na-najpoznatiot-teniser-vo-svetot-ne-sakashe-da-se-operira-ne-veruva-vo-medicinata-03.jpg

Во јануари годинава Новак беше депортиран од Австралија каде требаше да присуствува на Australian Open, откако не достави документи за вакцинација против ковид.

Дијана во емисијата говореше за неговата длабока посветеност на религијата и верата, а во еден миг ја откри и неговата тајна за тоа какви се неговите ставови во поглед на современата медицина.

„Новак постојано е во потрага по некои нови сознанија. Нешто што нам обичните смртници не ни е достапно и не ни е блиско. Исхрана, терапии, алтернативни методи, тоа е она што него го интересира.

Не е поборник за класичната медицина, што веќе е општо познато, но имаше една епизода кога мораше да се оперира“ - вели Дијана и се осврна на повредата на раката заради која Новак во 2017-та година мораше да направи пауза заради повредата на лактот.

dijana-gjokovikj-ja-izdade-dolgo-chuvanata-tajna-na-najpoznatiot-teniser-vo-svetot-ne-sakashe-da-se-operira-ne-veruva-vo-medicinata-04.jpg

Како што појасни, најпознатиот светски тенисер едноставно не сака никакви лекови и секогаш прво се обидува да најде алтернативно решение за здравствените проблеми.

„Кога се разбуди од анестезијата, ми рече дека се издал самиот себеси. Јас му објаснив дека го направил тоа што морал да го направи ако сака да продолжи да игра и дека тоа беше неопходно. Се обиде со алтернативни методи, со сѐ што му беше достапно, но ништо не даде резултати.

Новак едноставно се противи на тоа, не сака лекови, не сака да внесува сѐ и сешто во својот организам. Љубопитен е, чита сѐ што ќе најде, се образува...

Ете, и таа исхрана, не знам дали мене или на некој друг би му се допаднала, но нему му одговара. И не можам ништо да кажам, затоа што ми ја затвори устата со своите резултати. Ние веруваме дека месото е единствен  извор на протеини, а тој ни докажа дека тоа не е така“ – вели Дијана.

dijana-gjokovikj-ja-izdade-dolgo-chuvanata-tajna-na-najpoznatiot-teniser-vo-svetot-ne-sakashe-da-se-operira-ne-veruva-vo-medicinata-05.jpg

Целосното гостување на Дијана во емисијата во која говореше и братот на Новак, Џоле, можете да го погледнете во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=x58-AlQwAD8

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...

Најчитани неделава