Вака се сака херој! Србите организираа проекција на кула за Новак Ѓоковиќ по триумфот и го преплавија Твитер со пофалби

По десетти пат, Новак Ѓоковиќ победи на Australian Open, a Твитер е преплавен со емотивни фотки и видеа од атмосферата во арената. Во Србија, пак, на познатата Белгрaдска кула имаше проекција од тенисерот во чест на победата, а во меѓувреме тој изјави дека не му е воопшто лесно што е далеку од децата и сопругата.

srbite-mu-odadoa-pochit-na-gjokovikj-so-proekcija-na-belgradska-kula-po-istoriskata-pobeda-na-australian-open-video-01.jpg

Новак Ѓоковиќ повторно е светски првак откако во неделата, 29-ти јануари, победи на Australian Open.

Тенисерот играше против Гркот Стефанос Циципас, а со победата на синоќешното финале, Ѓоковиќ ја освои десетта титулата на Australian Open.

srbite-mu-odadoa-pochit-na-gjokovikj-so-proekcija-na-belgradska-kula-po-istoriskata-pobeda-na-australian-open-video-03.jpg

Истовремено, со оваа победа, сега Ѓоковиќ има вкупно 22 гренд слем титули, со што се изедначи со Рафаел Надал.

Србите не останаа рамнодушни на победата на Ѓоковиќ и покрај славењето, му одадоа огромна почит со проекција на популарната Белградска кула.

srbite-mu-odadoa-pochit-na-gjokovikj-so-proekcija-na-belgradska-kula-po-istoriskata-pobeda-na-australian-open-video-04.jpg

На големото здание најпрво беше испишано името на тенисерот, а потоа се појави и фотографија од него.

На Твитер, пак, масовно се споделуваат фотки и видеа од атмосферата по натпреварот, а има и бројни честитки од други тенисери.

„Еве што му значи победата, откако беше демонизиран. Овде имаме маж со интегритет“.

„Ѓоковиќ ги чувствува сите емоции по десетата историска победа на Australian Open“.

„Солзи од среќа. Легендарни моменти на арената Rod Laver“.

„12 месеци откако беше задржан и депортиран од државата каде што постигна најголем успех во кариерата, тешко е да се сфатат емоциите и менталната сила потребна за ова. Еден од најдобрите спортисти на сите времиња“.

„Неверојатни емоции на Australian Open“.

Сепак, и покрај големото достигнување, Ѓоковиќ истакна дека не му е воопшто лесно што мора да биде настрана од семејството.

Во емотивна изјава, 35-годишниот тенисер сподели дека ментално и физички се чувствува подготвено да продолжи да игра, но вели дека дефинитивно не е лесно што некогаш не ги гледа децата и сопругата.

„Чувствувам дека физички можам да продолжам и да го одржам нивото. Па, зошто да не продолжам да играм? Сега ја имам мотивацијата, ја имам поддршката од саканите, нешто што веројатно е потценето и за коешто не се зборува многу. Но, ова е клучно, особено кога сте татко.

Тоа што сум далеку од децата не е нешто што ме усреќува. Тоа што сопругата е тука за нашите деца и сè останато ми дозволува да продолжам да го правам она што го сакам“.

srbite-mu-odadoa-pochit-na-gjokovikj-so-proekcija-na-belgradska-kula-po-istoriskata-pobeda-na-australian-open-video-06.jpg

Тенисерот зборуваше и за неговите следни цели.

„Имам професионални цели и амбиции. Тоа се гренд слемови и да бидам број еден во светот. Тие две веројатно отсекогаш ми биле најголемите цели. Па, сакам уште да испишувам историја со овој спорт, без сомневање“.

srbite-mu-odadoa-pochit-na-gjokovikj-so-proekcija-na-belgradska-kula-po-istoriskata-pobeda-na-australian-open-video-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...

Најчитани неделава