Пријателки тргнале на пат околу светот за 80 дена по повод 80-тиот роденден - ги посетиле сите континенти (фото)

Кога им наближувал 80-тиот роденден, Сенди и Ели од Тексас решиле да одат на пат околу светот за 80 дена. Пандемијата ги натерала да ги одложат плановите, но годинава конечно тргнале на пат, ги посетиле сите седум континенти и наскоро треба да се вратат дома.

prijatelki-trgnale-na-pat-okolu-svetot-za-80-dena-po-povod-80-tiot-rodenden-gi-posetile-site-kontinenti-foto-01.jpg

Инспирирани од книгата „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн, две жени на 81-годишна возраст решиле да го посетат секој континент на Земјата, за 80-тина дена.

Сенди Хазелип и Ели Хамби се запознале пред повеќе од 20 години, кога и двете биле на патување во Замбија.

Желбата за авантура ги зближила, па познанството прераснало во долгогодишно пријателство.

Кога им наближувал 80-тиот роденден, Сенди ѝ предложила на Ели да го пропатуваат светот за 80 дена, како во популарната книга.

Ели веднаш се согласила, но пријателките не успеале да го реализираат планот поради рестрикциите од пандемијата.

На 11-ти јануари 2023, конечно тргнале на пат. Почнале од Тексас, каде што живеат, и прво се упатиле кон Антарктикот.

Оттаму тргнале кон Велигденските Острови, а потоа сакале да одат во Перу. Но, поради политичката ситуација во државата, морале да направат промени во планот и се упатиле кон Аргентина.

Потоа го посетиле Мадрид, а отишле и во Финска за да ја видат поларната светлина.

„Ја видовме поларната светлина. Стоевме надвор на -20 степени, но вредеше“, откриваат Сенди и Ели во нивниот блог.

Оттаму отишле во Рим и Лондон, па се упатиле кон Африка.

Следно ја посетиле Индија, па Непал, а летале и над Монт Еверест.

Дотогаш, Ели и Сенди биле на 34 авионски летови, а истакнуваат дека никогаш не летаат со прва класа.

Двете пријателки отишле и во Јапонија, па во Бали, а моментално се наоѓаат во Австралија.

Нивното патување ќе заврши деновиве, а Енди и Сели велат дека се пресреќни не само за авантурата, туку и за тоа што инспирирале и други луѓе да тргнат на слично патување.

„Луѓе ни испраќаат мејлови, пораки, им се јавуваат на пријатели и им велат и тие да направат нешто вакво.

Еден 87-годишен маж ни испрати порака и ни кажа дека почнал да го планира неговото патување – пат околу светот за 90 дена на 90 години. Нормално, ние му рековме да оди“ - пишуваат Енди и Сели на нивниот блог.

Повеќе фотки од инспиративните пријателки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...

Најчитани неделава