Случајот кој го следи цел свет: Сите детали за исчезнатата подморница со милијардери туристи, што потона во близина на „Титаник“
Петте лица се пријавиле за 8-дневно патување, кое чинело по околу 225.000 евра од човек, а пријател на авантуристот Хамиш Хардинг, полковникот Тери Виртс, откри дека временските услови претходно биле многу лоши, па неколку дена претходно било одложувано патувањето до „Титаник“.

Според, Виртс, Хардинг бил свесен за ризиците кога се упатил кон мисијата, но бил решен да се приклучи кон истражувањето:
„Остатоците на ‘Титаник’ се променети низ годините и почнуваат да се распаѓаат и затоа има неколку научници во рамки на мисијата. Ова не беше само патување за забава, тие правеа важно истражување за човештвото. ‘Титаник’ не е важен само за Британија, туку за сите“ – рече тој.

Инаку, по исчезнувањето на подморницата во медиумите се јави и авантуристот Крис Браун (61) кој тврди дека првично сакал да оди на патувањето и уплатил, но се повлекол и барал да му ги вратат парите назад.
Браун сметал дека подморницата не е безбедна: за управување се користат контролери што наликуваат на оние за видео игри, а била изработена од неквалитетни материјали.
Крис Браун со Ричард Бренсон
Инаку, се смета дека ова е мошне тешка операција за спасување затоа што ретко кои помагала може да пловат толку длабоко во морето и тешко ќе оди извлекувањето на преживеаните, а подморницата иако е мошне лесна, сепак тежи околу 10.500kg.

Претходно вработени на OceanGate ја изразија својата загриженост за безбедноста на подморницата, но тоа не ја спречи компанијата од 2021-ва година да почне со организација на туристички тури околу остатоците на „Титаник“.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“
„Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ...
„Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду...
На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и...
„Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Застрашувачки видеа: Патници панично скокаат од запален траект во Индонезија – загинале 5 лица
Во пожарот што избил вчера на траект во Индонезија животот го загубиле пет лица....
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал...
Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...