Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Може ли да се најдат телата на починатите во „Титан“ + Вработен во 2018-та добил отказ, откако изјавил дека подморницата не е безбедна

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-09.jpg

Flyaway Deep Ocean Salvage System (FADOSS) е преносен систем за кревање што може да подигне предмети со голема тежина од дното на океанот, а тој бил донесен на местото на несреќата во надеж дека подморницата ќе биде најдена неоштетена и со преживеани патници во неа.

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-10.jpg

Поранешен вработен уште во 2018-та година предупредил за безбедноста на подморницата и добил отказ?

Инаку, по трагедијата сѐ погласни се критиките за туризмот со подморници, а голем дел од светските медиуми пишуваат дека претходно имало повеќе критики упатени до OceanGate за квалитетот на подморницата и имало повеќе предупредувања дека употребата на несоодветни материјали може да доведе до трагедија.

Во 2018-та година Дејвид Лохриџ, кој бил вработен во OceanGate како директор за поморски операции, јавно изјавил дека подморницата не е безбедна, а судските документи објавени во дел од светските медиуми укажуваат на тоа дека тој бил загрижен за безбедноста на екипажот и патниците и сметал дека подморницата е изработена од небезбедни материјали.

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-07.jpg

По изразувањето на незадоволството Лохриџ веднаш добил отказ, а компанијата го тужела затоа што ширел доверливи информации и деловни тајни и ја искористил компанијата за да се пресели, а потоа измислил причина за да биде отпуштен.

Дополнително, во тужбата се вели дека тој не бил инженер, туку оператер и нуркач, а Лохриџ пак од друга страна одговорил со противтужба за неправедно отпуштање.

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-08.jpg

Во судските документи, објавени во дел од медиумите, се вели дека генералниот директор на OceanGate, Стоктон Раш побарал од Лохриџ да направи детална инспекција на подморницата, но се соочил со проблеми.

„Во следните неколку дена Лохриџ работел на извештаите и барал документација од директорот на инженеринг за дизајнот и резултати од тестовите за притисокот, како и некои други клучни информации.

Лохриџ се соочил со непријателски однос и не му било дозволено да пристаби до документацијата што требало да му биде пристапна за да може да ја продолжи инспекцијата на подморницата“ - стои во документите.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале... Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како ние деновиве. Во ...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
Рибар поминал 95 дена изгубен среде Тихиот Океан во својот брод: „Јадев лебарки за да преживеам“ Рибар од Перу преживеал 95 дена на својот рибарски брод во Тихиот Океан откако з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg