Може ли да се најдат телата на починатите во „Титан“ + Вработен во 2018-та добил отказ, откако изјавил дека подморницата не е безбедна

Уште во 2018-та година поранешен вработен на OceanGate предупредил дека може да дојде до имплозија на подморницата и бил отпуштен затоа што премногу прашувал. Сега, 5 години подоцна се случи трагедија во која животот го загубија 5 лица. Како ќе продолжи истрагата по пронајдените остатоци?

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-01.jpg

Очајната потрага по преживеани во малата подморница „Титан“ беше завршена во четвртокот (22.06) кога во непосредна близина на потонатиот брод „Титаник“ со помош на далечински управувано возило беа најдени остатоците на дното на Северноатлантскиот Океан.

Крајбрежната стража на САД во официјалното обраќање до јавноста потврди дека остатоците од подморницата се пронајдени, но дека засега не се најдени телата на лицата што биле во неа, и се верува дека никој од нив не можел да ја преживее имплозијата.

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-02.jpg

Се верува дека генералниот директор на OceanGate, Стоктон Раш, францускиот воен ветеран и нуркач Пол Анри Наржоле, британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман починале веднаш.

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-05.jpg

Адмиралот Џон Маугер од Крајбрежната стража на САД во својата изјава за јавноста рече дека потрагата на дното на Северноатлантскиот Океан ќе продолжи и во наредните денови.

По ова се поставува прашањето: „Дали воопшто е возможно да се најдат телата на жртвите и по што ќе се трага деновиве?“

Дали подморницата ќе биде извлечена од морското дно?

Daily Mail, повикувајќи се на изјави од експерти пишува дека заради разорната трагедија и длабочината на која што се случила (на околу 4km под површината) многу мали се шансите да се најдат тела на починатите лица.

„Условите на морското дно се мошне сурови. Остатоците од подморницата укажуваат на катастрофална имплозија на подморницата...

Продолжуваме да работиме и да го пребаруваме морското дно. Екипите на потрагата немаат одговор на прашањето дали е можно да се најдат телата на починатите“ – рече Пол Ханкин, експерт за морски длабочини.

mozhe-li-da-se-najdat-telata-na-pochinatite-vo-titan-vraboten-vo-2018-ta-dobil-otkaz-otkako-izjavil-deka-podmornicata-ne-e-bezbedna-06_copy.jpg

Се знае дека подморницата „Титан“ се распаднала на пет поголеми делови, но засега не се знае дали деловите ќе бидат извлечени од длабочините на морското дно, иако во моментов тимовите на потрагата располагаат со соодветна опрема за да го направат тоа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се ... Кармен од Англија е зависничка од солариум која добила рак на кожата поради чест...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg