„Згрозувачко“ - Две инфлуенсерки објавија фотки во бикини со неизбричени влакна на интимата и ги поделија мислењата

„Не треба да бидете без влакна за да одите на плажа“, порачуваат две инфлуенсерки, кои го поделија мислењето на нивните следбеници со фотка во бикини на кои им се гледаат неизбричените влакна од интимната област. Некои велат дека влакната се нехигиенски и се згрозени од глетката, додека други го тврдат спротивното и сметаат дека влакната се сосема природен дел од женското тело. Што мислите вие?

ne-treba-da-bidete-bez-vlakna-za-da-odite-na-plazha-influenserki-go-podelija-mislenjeto-na-javnosta-so-iskreni-fotki-od-nivnite-tela01.jpg

Сара Путо од Финска и Бела Дејвис од Австралија се инфлуенсерки со стотици илјади следбеници на нивните Инстаграм профили, кои велат дека се борат против нереалните стандарди за убавина.

И двете жени редовно споделуваат фотки на кои ги покажуваат нивните тела без филтри и фотошопирање и истакнуваат дека стомачето, стриите и влакната се сосема нормален дел од телото.

Неодамна, тие споделија заедничка објава со која го поделија мислењето на јавноста.

Со објавата, Сара и Бела сакаат да ги нормализираат влакната на женското тело, но дел од корисниците во коментари им велат дека влакната на интимните делови и под пазувите не се хигиенски.

На едната фотка од објавата, двете жени позираат во бикини, а во преден план се влакната од нивната интимна област.

„Не треба да бидете без влакна за да одите на плажа“, пишува на фотката.

Во описот, тие велат и дека жените кои се бричат не треба да се срамат од иритацијата што ја предизвикуваат бричовите.

„Ваш личен избор е дали ќе се бричите, депилирате или ќе ги оставите влакната. Нема погрешен изглед за вашето тело. Не му должите никому да имате мазно и тело без влакна.

Не дозволувајте влакната на телото или иритираната кожа од бричот да ве спречат да носите бикини, да бидете интимни или да создавате драгоцени сеќавања.

Заслужувате да видите влакна на телото и иритирана кожа во медиумите. Бидејќи, заслужувате да се чувствувате видено, моќно и помалку сами со вашето тело“, пишува во описот.

ne-treba-da-bidete-bez-vlakna-za-da-odite-na-plazha-influenserki-go-podelija-mislenjeto-na-javnosta-so-iskreni-fotki-od-nivnite-tela-02.jpg

На објавата, девојките велат и дека влакната под пазувите не се нехигиенски.

„Реалноста е дека влакната, иритирана кожа и поткожните влакна се дел од нашата кожа. Некои луѓе имаат повеќе, некои помалку и тоа е сосема во ред. Едното не е подобро од другото.

Вашето тело не е создадено мазно. Ние сме луѓе со кожа која треба да се истегнува, треба да ја регулира температурата и да се однесува како заштитна обвивка и, на некои делови, да има влакна.

Функцијата на кожата не е да следи одредени стандарди или идеали или да биде совршено мазна. Не се потресувајте за работите кои се природни на вашето човечко тело!“

ne-treba-da-bidete-bez-vlakna-za-da-odite-na-plazha-influenserki-go-podelija-mislenjeto-na-javnosta-so-iskreni-fotki-od-nivnite-tela-04.jpg

Во коментари, многумина ги поддржуваа инфлуенсерките, а дел сметаат дека штом влакната се хигиенски за мажите, треба да бидат и за жените:

„Тврдењето дека срамните влакна се нехигиенски е најглупавото нешто. Зошто мислите дека постојат?

Телото има влакна за заштита – секогаш ги имало и ќе ги има. Зарем влакната на вашата глава се нехигиенски? Престанете да измислувате глупави тврдења бидејќи ви пречи природно тело со влакна“.

„Навистина е лудо што пробуваме да нормализираме нешто што е нормално“.

ne-treba-da-bidete-bez-vlakna-za-da-odite-na-plazha-influenserki-go-podelija-mislenjeto-na-javnosta-so-iskreni-fotki-od-nivnite-tela-06.jpg

„Имам периоди кога се депилирам, имам периоди кога си ги оставам влакната. Научив да ги прифатам и двете како личен избор кој не е поразличен од чизмите или патиките што ќе изберам да ги носам“.

„Никој не вели дека ќелавата глава е похигиенска. Всушност, луѓето дури и се разочарани кога ќе си ја потстрижете косата кратко. Па, зошто тогаш другите влакна на телото се поразлични?“

Сепак, дел од корисниците не се согласуваат со инфлуенсерките:

„Мене не ми е за изгледот, туку за хигиената“.

„Никогаш не би носела бикини со толку влакна, дури и да ми платат за тоа“.

„Јас мислам дека не би требало да ги покажуваме срамните влакна. Ми изгледа како некултурно“.

„Згрозувачко!“

Повеќе (искрени) фотки од инфлуенсерките на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13-годишно девојче е жртвата најдена во автомобилот на млад музичар - Што знаеме за случајот што ја ... 13-годишната Селест Ривас Хернандез беше пријавена за исчезната во април 2024, а...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека м... Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесн...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...

Најчитани неделава