„Ми изгоре целото лице откако другар истури бензин во логорски оган – ми паѓаа парчиња кожа додека ме носеа кон болница“
- Детали
- сабота, 08 ноември 2025
Млада девојка од САД го споделува своето страшно искуство за да ја зголеми свесноста кај младите за опасноста од играњето со оган. Таа имала изгореници од втор степен на лицето, откако дечко од нејзината група пријатели ставил бензин во логорскиот оган што го запалиле.

Џесика Таубе од Мичиген, САД се здобила со изгореници од трет степени и речиси загинала, по инцидент со логорски оган.
19-годишната девојка и група пријатели биле собрани околу огнот, кога еден од нив решил да истури гориво.
Силните пламени ја зафатиле Џесика и ѝ нанеле толку сериозни повреди, што лекарите ѝ рекле дека во прашање биле секунди за дали ќе преживее.
Пет месеци по несреќата, Џесика е во многу подобра состојба, а сега ја споделува својата приказна за да ја зголеми свесноста кај младите.
„Една непромислена одлука речиси ми го одзеде животот. Сакам сите да станат свесни колку е опасен огнот и дека не треба да си играат со него“.
Несреќата се случила во јуни 2025-та. Џесика вели дека била со група пријатели и нејзиниот дечко, а еден од пријателите предложил да го направат огнот поголем. И, зел бензин.
„Веќе беше доцна и сите рековме дека непотребно е да го правиме огнот поголем. Но, не нè слушаше и го истури бензинот“.
Џесика вели дека слушнала гласен звук и одеднаш силен пламен ѝ го зафатил лицето. На себе имала ќебе кое исто така се запалило.
„Само се сеќавам дека видов силна светлина и осетив интензивна топлина. Викав за помош, легнав на земјата и очајно пробував да го изгаснам огнот.
Ги чувствував пријателите и дечко ми како пробуваат да ме изгаснат и по некое време успеале“.
Додека да го изгаснат огнот, Џесика веќе изгубила свест, па веднаш ја однеле во болница.
„Ми кажаа дека додека ме возеле, ми паѓале парчиња коса и кожа“.
Лекарите веднаш ѝ укажале помош, но ја предупредиле мајка ѝ дека веројатно никогаш нема да изгледа исто и дека ќе треба да прави пластична операција.
„Имав изгореници од втор степен на лицето и од трет степен на левата рака. Ме хранеа со цевка и ми дадоа многу седативи“.
По околу една недела, Џесика почнала да се освестува, но вели дека уште не знаела што ѝ се случило.
„Почнав да паничам кога ги видов завоите. Почнав да ги вадам од лицето и тогаш ми падна долната усна. Бев толку исплашена што повторно ме заспаа“.
Вториот пат кога се разбудила, мајка ѝ била покрај неа и ѝ раскажала што се случило.
По околу две недели, лекарите почнале да ѝ трансплантираат кожа од ногата на изгорените места.
„Болката и чешањето беа неподносливи. Пробував да не се чешам, но некогаш не можев да се воздржам. Некогаш имаше и крвавење“.
Кога првпат се погледнала во огледало, бла преплашена. Уште полошо, кога „другарка“ дошла да ја види, ѝ рекла дека изгледа како Фреди Кругер од филмот A Nightmare on Elm Street.
„Лицето ми изгледаше како да се топи и ми беше многу црвено. Долгата кафеава коса, која никогаш не ја потстрижував, сега ја немаше.
Бев скршена и се плашев дека никогаш нема да личам на себе. Бев преморена и во многу болка“.
За некое чудо, Џесика закрепнала по само еден месец и била испратена дома.
Уште има проблеми со користењето на левата рака, но вели дека е радосна што повторно си го гледа своето лице и забележала дека косата ѝ расте.
„Кога излегов од болница луѓето ме гледаа чудно, но не дозволив тоа да ме обесхрабри. Сега не можам да излегувам на сонце и лицето ми е многу суво, па морам постојано да ставам кремови.
За среќа, почна да ми расте и косата. Еден ден повторно ќе бидам јас. Сега сум само среќна што преживеав“.
Спирова С. | Црнобело
