Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Имам вишок килограми, а сопругот е во топ форма - ми велат дека сигурно ме изневерува“

Карла и Лери од Америка се во среќен брак и имаат ќерка. Но, бидејќи Карла има вишок килограми (поради бременоста, но и синдром на полицистични јајници), а Лери е во топ-форма, парот се соочува со злобни коментари.

imam-vishok-kilogrami-a-soprugot-e-vo-top-forma-mi-velat-deka-sigurno-me-izneveruva-no-nie-sme-srekjni-01.jpg

Карла и Лери Вајт од Сан Диего се заедно три години, во брак се околу девет месеци, а заедно имаат и дете.

Иако велат дека се пресреќни, Карла открива дека честопати се критикувани, па дури и исмејувани бидејќи таа има вишок килограми, додека Лери има мускулесто тело.

29-годишната Карла и 31-годишниот Лери имаат профили на ТикТок и Инстаграм каде што споделуваат детали од нивното секојдневие.

Но, токму на овие објави, честопати добиваат злобни коментари.

Карла има синдром на полицистични јајници кој може да влијае врз тежината. Кога со Лери посакале да добијат дете, таа вежбала и внимавала на исхраната за да ослабе, со цел да си ги зголеми шансите за да забремени.

И, додека некои следбеници ја гледале како инспирација, многумина биле сурови.

„Сме добивале навистина ужасни коментари за мојот изглед, а луѓето прашуваат зошто Лери би бил со некој како мене.

Некои од коментарите што ме повредија најмногу се дека Лери веројатно е со мене бидејќи ме сожалува или дека сигурно ме изневерува бидејќи сум била ’многу дебела‘. Очигледно, воопшто не е пријатно кога ги читам овие коментари, па дефинитивно има моменти кога сум многу тажна.

Но, пробувам да не допираат до мене. Знам дека личност која е среќна со себе нема да троши време да ги омаловажува другите“, вели Карла.

Таа додава дека пробуваат да се фокусираат на бројните коментари со поддршка.

Карла и Лери добиле ќерка минатата година, а сега таа се фокусира на тоа да си го подобри здравјето за да може да биде подобра мајка.

„Моментално сум потешка бидејќи се здебелив по породувањето поради хормоналната нерамнотежа. На пат сум да си го подобрам здравјето, но ова не значи дека не си го сакам телото.

Напротив, го сакам моето тело повеќе од кога било бидејќи тоа е причината што ја имам ќерка ми. Исто така, токму поради ќерка ми сакам да бидам поздрава, да можам да трчам по неа и да си играм со неа“.

„Искрено, не сакам да бидам слаба и веројатно никогаш нема да бидам. Но, сакам да бидам поздрава, да бидам најдобрата верзија од себе за да можам да имам среќен, долг и здрав живот“.

Карла вели дека во живо никогаш не се соочуваат со злобни коментари, но се случувало луѓето да гледаат во нив.

„Не сме добиле злобни коментари во живо и, нормално, некогаш луѓето гледаат во нас. Но, не можеме да знаеме зошто.

Дали поради различната тежина или поради тоа што сме од различни раси, или поради двете? Или, можеби бидејќи сме убаво семејство?“

Карла вели дека бракот со Лери е исполнет со љубов и изгледот дефинтивно не им е приоритет.

„Не ни забележуваме дека сме со различна големина“.

Повеќе фотки од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„На ќерка ми ѝ падна косата на 7 години - децата ја исмеваат и не сакаат да си играат со неа“ „Децата постојано ја прашуваат Меги дали има рак, ја нарекуваат со погрдни имиња...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg