„Осамени богати мажи ми плаќаат за да контактираме - глумам дека сум им девојка, еден ме стави во тестамент“

Чар Борли од Англија работи како професионална девојка. Односно, осамени богати мажи ѝ плаќаат огромни суми за да се допишуваат со неа, да си разменуваат фотки и, генерално, да им прави „виртуелно друштво“.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-01.jpg

Чар Борли е поранешен модел за магазинот Playboy, а сега вели дека работи како „професионална девојка“ – необична професија за која тврди дека ѝ носи над 50.000 евра месечно.

40-годишната Чар се однесува како да им е девојка на клиентите. Односно, се допишуваат, си испраќаат фотки и видеа како секој обичен пар и се слушаат по телефон.

Чар не се гледа со мажите во живо, туку целата интеракција се одвива онлајн.

Или, како што вели самата, го нуди целото искуство што би се имало со девојка, но без физички контакт.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-04.jpg

Нејзините клиенти обично се осамени и богати мажи, а таа нуди неколку „пакети“.

На пример, наплаќа околу 1.000 евра неделно за секојдневно да зборува со некој клиент по телефон, како да му е девојка.

„Мажите ми плаќаат да им бидам девојка на еден ден, една недела, па дури и еден месец. И сето ова се случува онлајн.

Можат да ми напишат што сакаат на мојот приватен телефонски број и достапна сум за нив 24/7.

Повеќето само сакаат да зборуваат за тоа како им поминал денот, или да имаат виртуелно друштво“.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-07.jpg

Чар вели дека некои мажи оделе „предалеку“ за да покажат колку се среќни од услугата.

„Еден маж потроши над 30.000 евра во еден месец за мене. Откако поразговаравме и подобро се запознавме, тој како да стана зависен од мене, па ме додаде и во неговиот тестамент“.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-06.jpg

Чар има и друга професија – работи како личен тренер, а вели дека наплаќа и до 2.000 евра на час за личен тренинг.

Поранешниот модел има 22-годишна ќерка за која вели дека ја поддржува, дури и кога објавува провокативни фотки на Инстаграм.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-05.jpg

Иако Чар вели дека е задоволна од заработката, професијата како „професионална девојка“ ѝ создавала проблеми во љубовниот живот.

Поради нејзините половина милион следбеници на Инстаграм, ѝ било тешко да скрие што работи.

„На почетокот не им кажувам на мажите за мојата кариера, но скоро сите со коишто почнувам да се гледам знаат што работам.

Па, не знам дали да ме гледаат како фантазија или како вистинска личност. Затоа, сега не барам љубов“.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-02.jpg

Истовремено, Чар се соочувала и со невкусни коментари на улица, барем на почетокот кога почнала да се прославува.

„Кога одам во родниот град, луѓето ми мислат добро.

Но, на почетокот ме гледаа со омраза и ме навредуваа, поради што се чувствував засрамено. Ми велеа дека сум немала почит кон себе.

Еден период навредите беа толку интензивни, што воопшто не излегував од дома“.

rabotam-kako-profesionalna-devojka-i-se-dopishuvam-so-osameni-bogati-mazhi-eden-me-stavi-vo-negoviot-testament-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава