„Бев професионален кечер со огромни мускули и тежев 127 килограми - сега сум среќна транс жена“ (фото)

Габи Туфт била кечер со импресивна кариера. Но, за време на пандемијата почнала да сфаќа дека отсекогаш се чувствувала како жена, па ја почнала својата транзиција. Иако вели дека има уште долг пат, сега е пресреќна со својот нов изглед.

bev-profesionalen-kecher-so-ogromni-muskuli-i-tezhev-127-kilogrami-sega-sum-srekjna-kako-trans-zhena-foto-01.jpg

Пред својата транзиција од маж во жена, Габи Туфт била професионален кечер.

Иако била успешна во својата кариера, вели дека поради мускулестото тело од напорните тренинзи било вистински предизвик да ја добие посакуваната женствена фигура.

44-годишната Габи со години учествувала во борби, пред да ја почне транзицијата пред две години. Нејзината кечерска кариера траела од 2008 до 2012 година и била вистинска ѕвезда помеѓу љубителите на спортот.

Кога била професионален кечер, таа тежела 127 килограми, а на телото имала само 6% масти.

„Направив многу експерименти и грешки додека да го добијам женственото тело кое отсекогаш сум го сакала“, открива таа.

Драстични промени во исхраната, но и начинот на вежбање, биле клучни за Габи да го добие посакуваниот резултат.

„На врвот на кариерата изгледав како Рагнар од серијата Vikings и The Mountain од серијата Game of Thrones“, открива таа.

Поради кариерата, фановите на Габи биле изненадени од нејзината транзиција. Но, таа има изјавено дека уште во детството си играла со фустаните на мајка ѝ.

Дури во пандемијата имала можност да помине повеќе време со себе и добро да размисли за својот идентитет.

Па, овој период почнала да носи женска облека, но решила и да ја почне транзицијата.

Со помош на хормонска терапија успеала да намали дел од огромната мускулна маса, но признава дека се чувствувала како експериментален глушец.

Почнала да го менува и начинот на вежбање, како и исхраната.

Ѝ биле потребни околу две години за да ја најде совршената комбинација на исхрана и вежбање.

Од почетокот на транзицијата до денес, Габи има ослабено 86 килограми и вели дека нејзината трансформација уште трае.

Таа има и Инстаграм профил со над 172.000 следбеници каде го споделува своето искуство.

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg