Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проектот?

Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Арабија. Станува збор за градба висока 500 метри, која ќе се протега на должина од 170 километри. Во градот ќе можат да живеат 9 милиони луѓе, но иако изгледа фасцинантно, проектот наиде на низа критики.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-01.jpg

Во 2021 година, властите во Саудиска Арабија соопштија дека ќе прават град налик на никој друг.

Градот е всушност огромна градба која ќе ја сочинуваат два паралелни облакодера широки по 200 метри, а високи 500 метри. Нивната должина ќе изнесува неверојатни 170 километри.

Чудниот град, познат како The Line (линија) ќе се протега во северозападниот дел на Саудиска Арабија, во близина на Црвеното Море.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-09.jpg

Градот ќе биде самоодржлив и наводно ќе има простор за дури девет милиони жители.

Во него ќе има сè што е потребно за нормален живот, вклучувајќи паркови, болници, училишта, па дури и летечки такси превоз.

Според некои информации, во план била изградба и на вештачка месечина.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-02.jpg

Бидејќи градот ќе биде релативно тесен, ќе биде поделен на неколку нивоа.

Според властите, во градот ќе нема патишта, а со тоа ќе нема ни загадување од возила. Сите објекти, пак, ќе бидат напојувани од чиста енергија.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-03.jpg

Домовите, канцелариите, училиштата и сите други градби ќе бидат наредени вертикално.

Температурата во внатрешноста на градот ќе се контролира во текот на целата година.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-04.jpg

Жителите ќе можат да се движат со помош на брз воз со кој наводно ќе може да се стигне од едниот до другиот крај на градот за само 20 минути.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава