Страдал од биполарно нарушување, се верува дека убил и бебе: Кој е убиецот од Прага, кој усмрти 15 студенти?
Дел од чешките медиуми пишуваат дека студентот најверојатно страдал од биполарно нарушување на личноста, од кое се верува дека страдаат голем број на студенти на универзитетите во Прага.
Кај пациентите што страдаат од биполарно нарушување често се случува да се менуваат фази на депресија и на манија, па во депресивните фази, често се случува пациентите да страдаат од суицидни мисли и некогаш посегнуваат и по сопствениот живот.
„Сакам да пукам во сите во училиштето и можеби да се застрелам и себеси“ – напишал во својот дневник Давид.

Напаѓачот, наводно бил инспириран од претходни напади на две руски училишта. Негов идол била 14-годишната Алина Афанаскина од Русија која пукала во училиштето и убила едно девојче, повредила 5 други лица и на крај извршила самоубиство.

Според дел од чешките медиуми, полицијата при претресот на домот на Давид во Хостоун нашла и рачно изработена експлозивна направа изработена од цилиндри под притисок, муниција, пиротехника и хемикалии.

Исто така, полицијата дошла до сознанија дека пушката со којашто Давид пукал кон студентите била оружјето со кое пред една недела се убиени татко и 2-месечно бебе во Клановички лес. Според некои верзии, можеби ова било пробно убиство пред Давид да тргне во својот крвав поход.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс?
Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ...
Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...