Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“

„Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во годините не ни е важна и можеме да започнеме ново поглавје во животот, заедно“ – девојка тврди дека е пресреќна што се омажила за мажот што ја чувал кога била дете, но се соочува и со критики.

devojka-se-soochuva-so-kritiki-se-omazhiv-za-bebisiterot-shto-me-chuvashe-koga-imav-4-godini-01.jpg

Една девојка стана вистински хит на социјалните мрежи, но и се соочи со голем број критики, откако откри дека е во брак со мажот што ѝ бил бебиситер кога имала само 4 години.

Девојката, која се претставува како Саманта Гизел, на своите профили на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа со нејзиниот сегашен сопруг кој се грижел за неа кога таа имала само 4 години.

devojka-se-soochuva-so-kritiki-se-omazhiv-za-bebisiterot-shto-me-chuvashe-koga-imav-4-godini-03_copy.jpg

Таа тврди дека денес има 29 години, а објави фотографија со која му се заблагодарува на својот сегашен сопруг. Наводно, тие двајца се запознале кога таа имала 4 години, а тој 19, а врската ја започнале дури откако таа станала полнолетна.

„Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во годините не ни е важна и можеме да започнеме ново поглавје во животот, заедно.

Ти ме правиш среќна, знаеш да ме насмееш и правиш безусловно да те сакам сè повеќе и се надевам дека допрва ќе ни се случат најубавите работи“ – напиша таа до видеото во кое прво се гледа како таа е малечко девојче, а на следната тие двајца се среќни во брак.

devojka-se-soochuva-so-kritiki-se-omazhiv-za-bebisiterot-shto-me-chuvashe-koga-imav-4-godini-02_copy.jpg

Но, нивната љубовна приказна не ги освои корисниците.

„Ја гледал како расте и чекал да наполни 18 години за да може да биде со неа“ – стои во еден коментар.

Други потенцираат дека ова е лудо и нездраво однесување и нагласуваат дека таа била дете, а тој возрасен човек кога се запознале, па заради тоа таа е жртва.

@no_niche_babe

#greenscreen Age Gaps huh? 🫠 #samanthagizzle #groomedasaminor #agegaps #protectourchildrenatallcosts #makesnosense #tooyoung #tooold #parentalconsent #badmen #innocentchildren #delusional

♬ Janet x Michael Jackson x Funny how time flies mix - Prod. Josh Bracy

По ова Саманта објави уште неколку видеа во кои ја бранеше својата врска, за потоа да го направи својот ТикТок профил приватен.

„Ова ќе ми биде последна објава поврзана со овој инцидент. Јас не сум жртва!

Прво, јас го запросив него. Затоа тој не може да ме подготвувал кога јас сакав ова да се случи.

Второ немам намера да барам помош затоа што тоа не ми е потребна. Јас не сум жртва и на двајцата оваа ситуација ни паѓа мошне тешко.

За крај, престанете да ми кажувате дека ‘не треба да имам деца’ затоа што вие немате право да ми судите. Да ве потсетам дека ова е љубовта на мојот живот“ – напиша таа.

devojka-se-soochuva-so-kritiki-se-omazhiv-za-bebisiterot-shto-me-chuvashe-koga-imav-4-godini-04_copy.jpg

По огромниот интерес за нивната приказна на социјалните мрежи, New York Post се обиде да го открие вистинскиот идентитет на девојката, но се шпекулира дека за видеата таа користела фотки што се украдени од интернет.

Без разлика дали се работи само за објава која треба да предизвика негативни коментари или критики, голем број од луѓето на социјалните мрежи се согласни дека кај овој пар не е толку во прашање нивната генерациска разлика, колку тоа што тој ја знаел додека била дете.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава