Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија?

Како изгледа секојдневието на Мукеш и неговата сопруга Нита денес?

Тие се во брак 37 години и имаат три деца, два сина и една ќерка, кои се воспитувани многу строго, по ригорозни правила. 

Нита инсистирала на тоа децата да се воспитуваат во скромни услови, да добиваат мал џепарлак додека растат, да користат јавен превоз и да имаат ограничувања за излегување.

Имаат прекрасна резиденција во Мумбаи и поради она што го поседуваат, нивниот дом вреди милијарди. Тоа е всушност кула на 27 ката. 

Во неа има кино, спа-центар, храм, сала за бал, спортски сали, многу соби, раскошни бањи, игралишта и посебна гаража со 169 автомобили. 

Членовите на семејството се релаксираат на вештачки снег и се заштитени со чувари кои имаат свои посебни простории за живеење, вклучувајќи готвачи, чистачки, келнери и фитнес инструктори.

Сѐ да биде средено, исчистено, зготвено се грижи персонал од 600 луѓе, вклучувајќи готвачи, чистачки, келнери и фитнес инструктори.

Познатата индиска дама еднаш дури нарачала 25.000 златни садови за да ги послужи гостите.

Нита пред да се омажи за милијардерот била наставничка. а денес се смета за една од највлијателните жени во Азија, која има своја фондација - Reliance Foundation.

Сака да троши пари на скапи работи, а вели дека има одличен вкус за чанти. 

За само една чанта „Hermes“ платила дури 350.000 евра.

Иако на сите настани се појавува во традиционална гардероба, нејзини омилени брендови се: „Cartier“, „Bulgari“ и „Gucci“.

Дека не штеди говори и тоа што на својот сопруг му подарила луксузен Maybach 62, а милијардерот на неа ѝ подарил млазен авион вреден 60 милиони евра.

Нита изградила училиште и болница во Мумбај, а парот донирал 68 милиони евра за помош за време на пандемијата.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...

Најчитани неделава