„Си ја купил наградата“ – Принцот Хари стана хит меме откако е прогласен за „Жива легенда на авијацијата“
Освен полковникот, по повод наградата на Хари се огласи и поранешниот прв човек на британската кралска авијација, Алан Вест, кој рече:
„Тој не е жива легенда на авијацијата. Ова тврдење е патетично. Така целиот настан изгледа смешно, ако имаат намера да изберат некој како принцот Хари. Тој не покажа некоја неверојатна вештина за летање во Армијата. Тие само сакаат да добијат публицитет“.
За потсетување, Хари 10 години беше дел од британската кралска авијација и служеше во Авганистан. Тој успеа да стекне чин командант.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа, во кои комичарите се потсмеваат со Хари додека беше дел од авијацијата.
Погледнете дел од нив:
„Принцот Хари ќе добие награда затоа што беше предмет за потсмев во Авијацијата“ - стои во еден од твитовите.
„Ова е еден мал чекор за принцот, но голем скок наназад за вистината“.
„Во благодариме што пазарите во продавницата за награди, ве молиме дојдете повторно!“
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





