Избрани најдобрите градови за живот во Европа - Скопје е при дното на листата

На листата градови во кои е најдобро да се живее, прв е Цирих, а најлош, според испитаниците, е животот во Палермо. Но, изненадува што на листата зад нас се Атина, Рим, Истанбул...

izbrani-najdobrite-gradovi-za-zhivot-vo-evropa-skopje-e-pri-dnoto-na-listata-01.jpg

Европската комисија објави извештај за квалитетот на живот во градовите ширум континентот, а Скопје се најде при дното на листата според анкетното прашањето „колку се жителите на градот задоволни од животот во него?“.

Тоа значи дека жителите на главниот град и не се многу задоволни од животот во Скопје.

Но, изненадува што на листата зад нас се Атина, Рим, Истанбул...

izbrani-najdobrite-gradovi-za-zhivot-vo-evropa-skopje-e-pri-dnoto-na-listata-04.jpg

Комисијата го објави извештајот на 112 страници, а податоците се собирани од јануари до април 2023-та.

Во анкетата учествувале 71.153 испитаници од 83 града во Европа, кои одговарале на прашања за платите, висината на цените, квалитетот на воздухот, условите за работа и забава, уредувањето на градот и слично...

На врвот на листата е Цирих, Швајцарија, кој е избран за најдобар град за живеење во Европа.

На листата, пак, градови во кои жителите се најмалку задоволни од животот таму, на последното место е Палермо.

izbrani-najdobrite-gradovi-za-zhivot-vo-evropa-skopje-e-pri-dnoto-na-listata-05_copy.jpg

Веднаш по него се Атина, Истанбул, Тирана, Неапол, Белград, Рим, па дури потоа Скопје.

Листата од Топ 10 градови во кои луѓето не се задоволни од животот завршува со Мишколц и Подгорица.

Но, кои се 5-те најдобри градови за живеење во Европа?

5. Гдањск, Полска

95% од испитаниците рекле дека се задоволни со животот во градот, а дури 92% изјавиле дека им се допаѓа културната понуда, забавата, архитектурата, историските локалитети.

izbrani-najdobrite-gradovi-za-zhivot-vo-evropa-skopje-e-pri-dnoto-na-listata-03.jpg

4. Лајпциг, Германија

95% од испитаниците изјавиле дека им се допаѓа животот во Лајпциг, но и дека градот е исклучително добар за семејства во мали деца. 83% од луѓето кажале и дека се задоволни од квалитетот на воздухот.

3. Копенхаген, Данска

96% од испитаните лица кажале дека се среќни со животот во Копенхаген.

Предност има тоа што важи за безбеден град, со малку корупција. Како негативна страна го нагласуваат „недостигот на пристапно место за живеење“.

izbrani-najdobrite-gradovi-za-zhivot-vo-evropa-skopje-e-pri-dnoto-na-listata-02.jpg

2. Гронинген, Холандија

Гронинген е дом на најголемиот паб во Европа, кој може да го посетат околу 3.700 луѓе одеднаш.

Со животот тука се задоволни 96% од испитаниците, оти, како што велат, градот е чист, сигурен, па се чувствуваат безбедно дури и кога сами шетаат по улиците ноќе.

1. Цирих, Швајцарија

Според истражувањето, Цирих е најдобриот град за живеење во Европа, а дури 97% од испитаните лица кажале дека се задоволни од квалитетот на живот, финансиската состојба, работата, јавниот превоз, здравствените услуги во земјата, но градот има многу поволности и за постарите луѓе.

Од друга страна, само 11% од испитаниците кажале дека е лесно да се најде добар стан по разумна цена.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава