Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се откажав“

„Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нова личност и да побегнат од проблемите, а многу лесно добиваат дијагноза“ – вели Саша Бејли, маж кој тврди дека и самиот сакал да започне процедура за промена на полот, но се премислил.

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-01.jpg

Саша Бејли (29) е син на познатиот британски фотограф Дејвид Бејли и неговата четврта сопруга Кетрин. Тој израснал во богатство и луксуз, а уште како мало дете имал можност да се дружи со некои од најзвучните имиња во модната индустрија.

Поради дислексијата, Саша до свои 16 години се образувал во приватно специјализирано училиште во Лондон, но тогаш одлучил да почне да работи како модел.

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-06.jpg

На 19-годишна возраст тој се оженил со 20 години повозрасната адвокатка Мими Нишикава. Иако многумина сметале дека тој ќе направи голема грешка ако стапи во брак со неа, Саша сепак не се откажувал, па одлучил да го започне заедничкиот живот со неа.

Тој и Мими цели 10 години биле во брак. Како што вели, на почетокот работите биле добри, но потоа нивниот однос станал токсичен.

„Дојдовме до моментот кога нашиот однос стана ужасен. Имавме голем број недоразбирања, а капак на сѐ, таа не беше премногу љубезна личност.

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-05.jpg

Се ставаш себеси во еден вид кафез и во ситуација каде што постојано наоѓаш причини зошто не можеш да си заминеш“ – раскажува Саша и дополнува дека се чувствувал мошне изолирано и несреќно, а воопшто не знаел како да им се довери на семејството и пријателите.

Иако во меѓувреме парот одлучил да се пресели во Токио за да направат промена во животот, Саша тврди дека почнал да се чувствува толку несреќно, што размислувал да посегне по сопствениот живот.

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-02.jpg

Имал напишано последна порака, но се премислил во последен миг, откако на интернет во разговор со други луѓе добил предлог да го започне процесот за промена на полот, за да стане сосема поинаква личност и на тој начин да се ослободи од сите проблеми.

Тој посетил психијатар во Јапонија кој му поставил дијагноза дека е трансродова личност.

„Му требаа само 10-тина минути. Ми даде препорака за хирург и ми дадоа терапија за промена на хормоните“ – вели Саша.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава