Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се откажав“

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-04.jpg

Тој тврди дека во тој период размислувал да стане вистинска Барби кукла, со руса коса и да оди на операција за промена на полот.

Но, само неколку дена по посетата на клиниката, Саша сепак одлучил да побегне во Лондон, каде членовите на неговото семејство биле збунети од неговата одлука за промена на полот, но сепак го поддржале.

Но, во Лондон тој одлучил дека нема да ја започне хормонската терапија, сѐ додека не успее да обезбеди доволна доза и за следниот месец, па додека чекал да се завршат процедурите, тој сфатил дека надворешната промена нема да му ги реши проблемите однатре.

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-08.jpg

На повторна средба со терапевт, Саша бил дијагностициран со пострауматично нарушување, настанато како последица од лошото искуство во бракот.

 „Сметам дека постои огромен проблем со луѓето кои масовно добиваат дијагноза на полова неприпадност. Секако, има луѓе што имаат таков проблем, но сметам дека има уште поголем број луѓе, како мене, кои не се трансродови личности, но се неверојатно несреќни и промената на полот им е начин за да станат нова личност и веруваат дека тоа ќе им ги реши сите проблеми.

Оваа нова личност нема да ги има старите проблеми или нема да се соочува со истите очекувања во општеството. Но, тоа не е вистина“ – вели Саша.

ispoved-na-mazh-ja-zapochnav-procedurata-za-da-stanam-transrodova-lichnost-presrekjen-sum-shto-se-otkazhav-07.jpg

Денес тој е пресреќен што воопшто не започнал со терапијата за промена на полот и се труди да укаже на опасностите што настануваат заради тоа што на голем број млади лица им е дозволено тоа да го направат уште во тинејџерските години.

„Му благодарам на Бога што не започнав со хормонската терапија, бидејќи за неколку месеци ќе ризикував неплодност, а самата помисла дека никогаш нема да имам деца ми е ужасна.

Но, исто така, тоа ни дава увид во непријатната реалност, дека често бараме од децата на возраст од 15 или 16 години да изберат дали би сакале да имаат деца и тоа не е во ред“ – вели Саша.

За крај, тој апелира младите луѓе добро да размислат дали се сигурни дека сакаат да го променат полот и зошто би сакале да го направат тоа, пред да избрзаат и да започнат со хормонска терапија. Односно, да си дадат доволно време за размислување пред да донесат крајна одлука.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава