Родителите го испратиле во друг град за да ги разделат: Детали за врската на Брижит и Емануел Макрон

Поради возрасната разлика, Брижит и Емануел Макрон се соочиле со критики уште на почетокот на нивната врска. Родителите на Макрон, пак, го испратиле и во друг град со цел да ги разделат, но безуспешно.

ljubovna-prikazna-emanuel-i-brizit-01.jpg

Уште од самиот почеток, врската на Емануел и Брижит Макрон наиде на низа критики поради разликата од 24 години.

Кога се запознале, Емануел имал само 15 години, но тоа не било пречка за него да се заљуби во тогаш неговата наставничка и менторка.

ljubovna-prikazna-emanuel-i-brizit-02.jpg

Брижит тогаш имала 40 години, а кога родителите на Емануел дознале за симпатиите кои ги има за неа, решиле да го испратат во Париз, каде што го запишале во друго училиште, сè со цел да го оддалечат од неа.

Брижит во интервју откри дека всушност и таа била поддржувач на идејата тој да се школува во Париз, со цел да се заљуби во девојка на негова возраст, но тоа не се случило.

ljubovna-prikazna-emanuel-i-brizit-03.jpg

Брижит има откриено дека ја напуштила работата и дека единствена грижа во тој момент биле нејзините три деца, односно нивната иднина и како врската со нејзиниот ученик би влијаела на нив.

Брижит Макрон има три деца – Тифен Озиер, Лоренс Озиер-Журдан и Себастиен Озиер и сите се речиси врсници на нејзиниот сопруг Емануел Макрон.

„Можете само да замислите што мораа да слушаат, но не сакав да се каам за ништо подоцна

Многу луѓе ме избегнуваа на почетокот на нашата врска, сешто ми се зборуваше зад грб, а моите браќа и сестри ја презедоа улогата на заштитници и родители кои повеќе ги немав.

Сепак, сето тоа беше залудно, бидејќи кога нешто цврсто ќе одлучам, тогаш го правам тоа“, има изјавено таа.

Парот е во брак од 2007 година, а нивните блиски пријатели велат дека се сакаат како и првиот ден.

Брижит признава дека нејзиниот сопруг сè уште ја изненадува и му се восхитува на неговата импресивна меморија и интелигенција.

„Имав многу брилијантни студенти, но никој немаше такви способности. Секогаш му се восхитував“, истакнува Брижит.

ljubovna-prikazna-emanuel-i-brizit-04.jpg

Инаку, биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон чиј автор е француската новинарка Гаел Чакалоф открива многу детали за неговата врска со Брижит Макрон .

Според она што е напишано, тие се многу поврзани, имаат заеднички распоред и знаат од минута во минута што прави другиот.

Тие се убедени дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. 

Макрон ѝ се јавува на сопругата на секој час и половина и за сè одлучуваат заедно.

„Зборуваат кога и колку можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило на приземјето на Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат“, стои во биографијата.

В. К. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава