„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“

„Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во сауната да се влезе целосно гол“ – Хорхе Рејес од Колумбија се преселил во Финска, но вели дека доживеал вистински културен шок.

shetaat-bosi-vo-kancelarija-odat-goli-vo-sauna-shto-me-iznenadi-najmnogu-kaj-fincite-01.jpg

Младиот Хорхе Рејес одлучил родната Колумбија да ја замени за Финска и да се пресели таму, затоа што сакал да живее во земјата каде што луѓето се најсреќни.

Ова 27-годишно момче вели дека одлучил да се пресели во Финска без претходно да ја посети.

Хорхе тврди дека бил подготвен за екстремните климатски услови и студеното време, но други работи го оставиле сосема збунет.

„Кога се преселив во Финска од Богота, Колумбија, искусив сосема поинаков животен стил од оној на кој бев навикнат.

Знаев дека треба да очекувам голема промена во времето, но имаше и голем број други изненадувања попатно“ – изјави Хорхе.

Во продолжение погледнете кои 6 работи го оставиле збунет:

Финците не носат чевли во канцеларија

Во некои земји е сосема вообичаено да ги соблечете чевлите кога влегувате во нечиј дом, но Финците ова правило го наметнуваат и во најголем дел од канцелариските простори.

„Кога се преселив во Финска, не зедов чорапи со мене, затоа што доаѓав од потопла клима. Потоа морав да одам да купам нови, забавни чорапи од различни ткаенини и дизајни за на работа.

Луѓето низ светот водат сметка за стилот на облеката, но во Финска се води сметка и за стилот на чорапите“ – вели Хорхе.

shetaat-bosi-vo-kancelarija-odat-goli-vo-sauna-shto-me-iznenadi-najmnogu-kaj-fincite-03.jpg

Во сауна се оди гол со пријатели и колеги

Во Финска, сауните се нешто највообичаено. Речиси секој има сауна во домот или во зградата каде што живее или, пак, во корпоративните згради.

„Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во сауната да се влезе целосно гол. Луѓето ќе зборуваат и ќе се дружат во сауната, целосно голи.

Тоа е нормално затоа што таму голото тело не се смета за табу. Луѓето имаат голема почит и се мошне културни, па нема зјапање или непримерни погледи“ – раскажува Хорхе.

shetaat-bosi-vo-kancelarija-odat-goli-vo-sauna-shto-me-iznenadi-najmnogu-kaj-fincite-04.jpg

Неопходно е да купите добри ролетни и завеси

Во некои делови во Финска, јули и август речиси и да нема ноќ и сонцето постојано грее. Дури и во 2 часот по полноќ има сонце. Затоа, Хорхе вели дека на почетокот не му било јасно зошто Финците се опседнати со добри завеси и ролетни.

„Набрзо сфатив дека без добра заштита на прозорците, може да биде тешко да заспиете. Морав да ставам дополнителни завеси за да можам да спијам“ – вели тој.

shetaat-bosi-vo-kancelarija-odat-goli-vo-sauna-shto-me-iznenadi-najmnogu-kaj-fincite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Финска е најсреќна земја во светот 9-та година по ред, ние сме на 82-ро место – каде е најубаво за ж... Деветта година по ред Финска е на првото место на извештајот на најсреќни земји ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава