Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе стапи во брак?
Но, сите знаат дека и покрај тоа што Сара и Ендрју се разведоа во 1996-та година, тие двајца сѐ уште се во пријателски односи и сѐ уште живеат заедно.
Иако Сара има свој имот во Лондон, таа кога е таму престојува заедно со нејзиниот поранешен сопруг во Royal Lodge, кој е дел од Виндзор.
Во една пригода, таа изјави:
„Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а не еден од друг“.
Ендрју беше покрај поранешната сопруга и ѝ даде поддршка во периодот кога таа се бореше со ракот на дојка и мораше да ѝ биде направена мастектомија. Таа престојуваше во неговиот дом, а тој ѝ помагаше со закрепнувањето.
Сара постојано застанува во одбрана кога Ендрју заради неговата поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстин и јавно ги отфрла сите обвинувања упатени на негова сметка.
„Додека кралицата беше жива, ние двете се трудевме да му помогнеме да го помине овој период. Ние сме мошне цврсто семејство и никој не може да го скрши семејството Јорк“ – рече таа.
-->
-->
Со оглед на тоа што тие живеат заедно и покрај тоа што се разведени, постојано кружат гласини дека е можно најскандалозниот пар во британското кралство семејство пак да застане пред олтар.
„Ние заедно се грижиме за нашите деца, се поддржуваме и веруваме дека семејството е сѐ. Горда сум на тоа што го постигнавме заедно, како ги воспитавме нашите деца и тоа што издржавме како цврсто семејство.
Тоа го постигнавме со комуникација, компромис и сочувство“ – рече Сара.
-->
За скандалите што ја „тресеа“ Сара и за нејзиниот проблематичен однос со принцезата Дијана, можете повеќе да прочитате ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де...
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс
Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Шпанска актерка на 68 години со сперма од починатиот син и сурогат мајка доби внука - сега ѝ го прос...
Ана Обрегон (70) има повеќе од 1 милион следбеници на Инстаграм со кои споделува...

Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот
Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа...
Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“
„Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...