„Никој не ми верува дека имам 58 години – Како го одржувам младешкиот изглед?“

Покрај вежбањето, пиењето многу вода и балансираната исхрана, Ники открива дека не пие алкохол и верува дека тоа ѝ помогнало да го сочува младешкиот изглед. Таа исто така ја штити и кожата од штетните УВ зраци од сонцето. Верува и во важноста на менталното здравје, па медитира и слуша музика во текот на денот. Кои се советите на оваа дама која им пркоси на годините?

lugjeto-pretpostavuvaat-deka-e-vo-ranite-triesetti-a-taa-e-so-decenii-postara-i-site-gi-shokira-so-nejziniot-izgled-01.jpg

Ники Елис е мајка на две деца која со својата младешка кожа, сјајната руса коса и силната атлетска фигура, ги шокира другите кога ќе им ја открие својата вистинска возраст.

Таа вели дека луѓето честопати претпоставуваат дека е во раните триесетти, а понекогаш дури ја мислат дека е во доцните дваесетти години. Но, вистината е што таа е со децении постара од она што другите го претпоставуваат.

„Оваа година се подготвувам да го прославам мојот 58-ми роденден“, вели Ники, која воедно е и личен тренер.

Таа отсекогаш била заинтересирана за здравјето и фитнесот, па, според неа, тоа ѝ помогнало да ја одржи нејзината прекрасна фигура. Отсекогаш сакала да биде активна, а желбата за тоа ѝ потекнува уште од детството, со тоа што нејзиниот татко бил спортист, а нејзината мајка се борела со хронична болест, при што таа сфатила колку е важно да се грижи за своето здравје.

Покрај тоа што тренира, Ники секое попладне ги шета и своите кучиња, што ѝ помага да ја постигне целта за 10.000 чекори дневно. Иако не се придржува до одредена диета, се труди да ги одржува своите оброци здрави и избалансирани.

„Фокусот на тренингот ми е насочен кон мускулите. Ова значи дека приоритет ми е тренингот со тегови пред другите видови вежби“, вели таа.

Ники открива дека јаде многу овошје и зеленчук и дека сака да има начин на исхрана кој ќе ја одржува здрава што е можно повеќе, без притоа да чувствува дека е ограничена од нешто.

Заедно со вежбањето со тегови, пиењето многу вода и балансираната исхрана, Ники открива дека не пие алкохол и верува дека тоа ѝ помогнало да го сочува младешкиот изглед. Таа исто така ја штити и кожата од штетните УВ зраци од сонцето. Покрај ова, верува во важноста на менталното здравје, па медитира и слуша музика во текот на денот.

„Исто така, многу е важно да се задржи чувството за забава и да се опкружите со луѓе кои ве сакаат и се смеат со вас. Сакам да излегувам надвор и да бидам со природата.

Нема музика, само вие и природата. Тоа е смирувачко“, споделува Ники.

За крај, последниот совет на Ники за младешкиот изглед е прилично едноставен:

„Бидете љубезни! Ништо не прави да се чувствувате подобро од случајните дела на љубезност“.

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава