Поранешен порно актер со исповед: „Земав лекови за да имам неколкучасовна ерекција, сега имам последици“

Некогаш морал да зема лекови за по неколку часа да има ерекција, а денес вели дека порно индустријата му го уништила животот. Не се само жените тие што ја искусуваат темната страна на оваа индустрија - поранешен порно актер откри со какви проблеми се соочуваат мажите.

poraneshen-porno-akter-so-ispoved-zemav-lekovi-za-da-imam-nekolkuchasovna-erekcija-sega-imam-posledici-01.jpg

Кристофер Зајчег во порно индустријата бил познат како Дени Вајлд, а работел околу 8 години и снимал филмови за возрасни.

Кариерата ја започнал додека бил студент. Прво почнал да работи како гол модел, а потоа се пријавил да снима филмови за возрасни само за да проба какво е искуството.

На почетокот на својата кариера тој заработувал околу 300 долари од сцена, а потоа таа заработка се искачила на сума од 500 до 700 долари, за на крај да потпише договор со којшто заработувал по 4.000 долари месечно - сума за која требало да работи 6 дена во неделата.

poraneshen-porno-akter-so-ispoved-zemav-lekovi-za-da-imam-nekolkuchasovna-erekcija-sega-imam-posledici-02.jpg

Но, токму во тој период морал да се откаже од кариерата заради здравствени причини.

Тој во интервју за британските медиуми ја откри тајната на голем број машки порно актери за долгочасовна ерекција.

Со оглед на тоа што во просек ерекцијата трае околу половина час, тој за да си овозможи возбудата да трае подолго, почнал да зема таблети за еректилна дисфункција, нешто што, според неговите зборови, е вообичаена практика кај неговите колеги.

poraneshen-porno-akter-so-ispoved-zemav-lekovi-za-da-imam-nekolkuchasovna-erekcija-sega-imam-posledici-03.jpg

Но, ваквата употреба на лекови ќе придонесе тој да има сериозни проблеми со машкото здравје. Тој имал проблеми со пријапизам, односно болна ерекција која се случува затоа што крвта останува заробена во коморите за ерекција и пациентот чувствува долга, цврста ерекција без потребната стимулација.

„Во мојата 8-годишна кариера, трипати завршив во болница. Секогаш заради пријапизам.

По третиот пат, докторот ми рече дека ако продолжам да ги користам лековите, може да си предизвикам долгорочни оштетувања, како создавање на кожно ткиво во пенисот, што ќе доведе до импотенција. Следниот ден се откажав од порно индустријата“ – изјави тој.

poraneshen-porno-akter-so-ispoved-zemav-lekovi-za-da-imam-nekolkuchasovna-erekcija-sega-imam-posledici-04.jpg

Тој признава дека не бил физички зависен од овие лекови, но дека при крајот на кариерата станал психолошки зависен од самиот чин на земање лекови.

По завршувањето на кариерата тој имал проблеми и се чувствувал нервозно секојпат кога одел на состанок со некоја девојка, а знаел дека нема земено таблети.

Денес тој вели дека има подвоени сфаќања за индустријата, а се обидува да развие свој бизнис и признава дека воопшто не е лесно да го почнеш животот од почеток, кога речиси цела деценија си бил заробен во секс индустријата.

poraneshen-porno-akter-so-ispoved-zemav-lekovi-za-da-imam-nekolkuchasovna-erekcija-sega-imam-posledici-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава