Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Свекорот ми се додворува кога сопругот не е дома – Што да правам?“

Како би реагирале вие кога би се нашле во ваква ситуација? Млада жена споделува како се чувствува неудобно затоа што нејзиниот свекор ја користи секоја пригода кога сопругот не е дома за да ѝ се додворува.

svekorot-mi-se-dodvoruva-koga-soprugot-ne-e-doma-shto-da-pravam-01.jpg

Постојат голем број приказни за млади жени кои имале непријатно искуство со таткото на нивните сопрузи, а оваа анонимна млада Британка испрати писмо до колумнистката Џејн Грин на Daily Mail, каде опиша со каков проблем се соочува.

Како што вели, таа не знае како да се справи со натрапничкиот однос на свекорот кој ја користи секоја можност за да ѝ се додворува.

svekorot-mi-se-dodvoruva-koga-soprugot-ne-e-doma-shto-da-pravam-04.jpg

Во продолжение нејзиното писмо во целост:

„Свекорот ми се додворува секогаш кога мојот сопруг ќе излезе од собата.

Во брак сум околу 3 месеци – мојот сопруг ми беше дечко уште во средно образование и го знам неговото семејство со години и секогаш сум била блиска со неговите родители.

Но, неодамна, тие се разведоа, и таткото на мојот сопруг минува низ некоја средовечна криза.

Почна да се дотерува, да оди во теретана, отвори профили на голем број апликации за состанување, и што е уште поужасно почна да ме упатува несоодветни коментари секогаш кога ќе ме види.

Сè започна невино. Прво ме прашуваше дали ми се допаѓа неговата нова фризура, новата облека, неговиот нов автомобил и други слични работи…

svekorot-mi-se-dodvoruva-koga-soprugot-ne-e-doma-shto-da-pravam-03.jpg

Но, полека почна да станува поинтимен.

Во една пригода ми рече дека мојот сопруг никогаш не бил добар со жените и дека би била многу позадоволна ако се гледам со некој поискусен член на семејството, и постојано коментира за моето тело, ми вели дека градите ми изгледаат добро во одредена облека, па дури и ми рече дека никогаш немало да се разведе од сопругата ако имала ’задник како мојот‘.

Вообичаено се трудам само да ги заборавам коментарите затоа што не сакам да предизвикам сцена или да го вознемирам сопругот, но сега сум во фаза кога се плашам да останам сама со него во соба, затоа што стравувам од тоа што би можел да ми го каже.

Не знам уште колку долго ќе можам тие работи да ги прифаќам како несолени шеги.

Како да го натерам да престане без да предизвикам семејна драма?“

svekorot-mi-se-dodvoruva-koga-soprugot-ne-e-doma-shto-da-pravam-02.jpg

Ако вие сте згрозени од ова што го прочитавте, не сте единствени. Слична таква реакција има и колумнистката во својот одговор.

„Ова не само што е несоодветно, туку е и погрешно на толку многу нивоа. Станувам гневна за секоја жена што морала да се справи со такви коментари, да глуми дека се смее и да се преправа дека не е ништо важно, а всушност ни се гади од ова.

Нема потреба сè да прифаќаш на шега.

Иако не сакаш да предизвикаш драма, свесна си дека не можеш долго да се преправаш и проблемот е што кога некому не му кажуваме дека греши и ги потиснуваме чувствата во себе, на крај се повредуваме себе“ – вели Џејн.

svekorot-mi-se-dodvoruva-koga-soprugot-ne-e-doma-shto-da-pravam-05.jpg

Според неа, девојката следниот пат кога ќе се соочи со вакви коментари треба да му каже дека тоа е несоодветно, неприфатливо и дека нема да го толерира таквото однесување.

Исто така таа препорачува, девојката веднаш да му каже на сопругот што се случува.

„Искрено, може да ти биде непријатно одреден период. Луѓето што се навикнати никој да не ги опоменува за лошото однесување, не сакаат кога некој ги предупредува. Но тоа не е твој проблем“ – вели таа.

Според неа, ако ваквото однесување не запре, тогаш девојката треба да се раздели од сопругот додека свекорот не научи како треба да се однесува.

Што мислите вие? Како би постапиле во ваква ситуација?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум полничка девојка и мојот згоден дечко не е со мене поради фетиш, туку поради мојот карактер... „И полничките девојки заслужуваат љубов, исто како и сите други. Мене ме привлек...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg