Деца во градинка претепуваат другарче: Застрашувачко вирално видео

„Негувателката излегла затоа што имала други обврски. Згрозени сме од тоа колку сурови можат да бидат овие деца, зарем така се воспитани?“ – велат родителите на момчето кое е брутално претепано од другарчињата во градинка во видеото што вирално се шири на социјалните мрежи.

deca-vo-gradinka-pretepuvaat-drugarche-zastrashuvachko-viralno-video-01.jpg

На социјалните мрежи вирално се шири видео од градинка во Казахстан, во кое се гледа како мали момчиња претепуваат нивно другарче во групата, а родителите од Балканот го споделуваат масовно и се згрозени од она што го гледаат.

Што всушност се случило?

Иако во објавите од Србија не се споменува каде и кога се случил настанот, по кратко истражување утврдивме дека овој инцидент се случил на 21-ви февруари годинава во Алмати, Казахстан.

Видео снимката е од надзорните камери во градинката, а била објавена на социјалната мрежа „Телеграм“ откако родителите на 3-годишното момче што било претепано ја контактирале редакцијата на ZTB.KZ.

„Нашето дете беше брутално претепано од другите деца. Нападот траел околу 5 минути. Нашиот син бил мирен кога децата го турнале на земја и почнале да го тепаат.

Потоа дознавме дека децата во моментот биле оставени без надзор. Негувателката излегла затоа што имала други обврски.

Згрозени сме од тоа колку сурови можат да бидат овие деца! Дали вака ги воспитуваат родителите? Што е ова?“ – прашуваат родителите на момчето.

Инаку, детето по инцидентот било примено во болница со потрес на мозокот, а родителите раскажуваат како учителката кога се вратила воопшто не му обрнала внимание на детето кое плаче и, на крај, кога им го предавала на родителите им рекла дека само се удрило.

Според информациите објавени во казахстанските медиуми, учителката во тој миг била до мензата за да земе ручек за децата, а против неа е поднесена соодветна дисциплинска постапка.

deca-vo-gradinka-pretepuvaat-drugarche-zastrashuvachko-viralno-video-03.jpg

Исто така, покрената е и кривична постапка против неа и се товари дека не ја извршувала должноста правилно, со што ги загрозила животите и здравјето на децата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
„Мислев дека сум посвоена бидејќи мајка ми починала – дознав дека ме купиле на црно“ Канаѓанката Дијана знаела дека нејзината биолошка мајка починала кога била дете,...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава