100-годишник се ожени со својата 102-годишна девојка - се запознале во старечки дом

Берни Литман и Марџори Фитерман се запознале на забава под маски, а првиот состанок го имале на денот кога се родила првата правнука на Берни.

100-godishnik-se-ozheni-so-svojata-102-godishna-devojka-se-zapoznale-vo-starechki-dom-100-godishnik-se-ozheni-so-svojata-102-godishna-devojka-se-zapoznale-vo-starechki-dom-01-01.jpg

Берни Литман (100) и неговата две години постара девојка, 102-годишната Марџори Фитерман, се венчаа во старечки дом во Филаделфија, една деценија откако првпат се запознале.

Парот заедно има 202 години, со што го сруши Гинисовиот рекорд. Претходниот рекорд во Гинис го држеле Дорин и Џорџ Кирби од Англија кои заедно имале 194 години кога се венчале на 13 јуни 2015 година.

100-godishnik-se-ozheni-so-svojata-102-godishna-devojka-se-zapoznale-vo-starechki-dom-03.jpg

На венчавката на Берни и Марџори присуствувале нивните семејства, кои биле среќни што и во толку доцна доба, на нивните најсакани им се случила љубов.

„Баба ми и Берни се среќни што се најдоа еден со друг и што ќе имаат некој со кого ќе можат да ги поминуваат деновите.

Тие си беа голема поддршка еден на друг во времето на пандемијата“, открива внуката на Марџори за локалните медиуми.

100-godishnik-se-ozheni-so-svojata-102-godishna-devojka-se-zapoznale-vo-starechki-dom-05.jpg

Марџори претходно била мажена еднаш, а нејзиниот сопруг Морис починал во 1999 година.

Пред бракот со Марџори, Берни бил 65 години во брак со првата сопруга, но таа починала во 2012 година.

Неколку години подоцна, парот се запознал на забава под маски, а првиот состанок го имале на денот кога се родила првата правнука на Берни.

100-godishnik-se-ozheni-so-svojata-102-godishna-devojka-se-zapoznale-vo-starechki-dom-02.jpg

Семејството на Берни било изненадено од неговите планови да се венча на 100 години, но ја поддржале неговата одлука.

Интересно е што Берни и Марџори во исто време биле студенти на Универзитетот во Пенсилванија, но не се сеќаваат дека се запознале за време на студиите.

100-godishnik-se-ozheni-so-svojata-102-godishna-devojka-se-zapoznale-vo-starechki-dom-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава