Има само 2 години, а продава слики за 6.000 евра – Детенце од Германија го споредуваат со Пикасо

Лоран создава ремек-дела на само 2 години. Не сака да излезе од студиото за сликање, а за една слика добил и понуда од скоро 140.000 евра.

ima-samo-2-godini-a-prodava-sliki-za-7-000-evra-detence-od-germanija-go-sporeduvaat-so-pikaso-01.jpg

Двегодишно момче од Германија го добило прекарот „малиот Пикасо“ откако некои негови слики биле продадени за околу 7.000 долари (околу 6.550 евра).

Според британскиот весник „Times“, Лоран Шварц од Баварија направил портфолио од апстрактни слики на слонови, диносауруси, коњи и слично.

Неговата мајка Лиза Шварц (32) за магазинот „People“ изјави дека неговата слика „Луѓе“ моментално ја бараат 3.000 обожаватели.

„Тоа им е омилена слика на сите. Патем и на мене исто.

Луѓето пишуваат по два, три и дури и по четирипати или се јавуваат неколкупати само за да ја добијат оваа слика“, вели Лиза.

Лиза го забележала дека нејзиниот син има дарба за сликање додека семејството било на одмор во Јужен Тирол, Италија во септември 2023 година.

„Имаше сликарска соба во хотелот и не можевме да го извадиме од неа

Непосредно пред Божиќ му направивме студио за сликање и тој цело време беше во него“, вели мајка му.

Лиза му направила и фан страна Инстаграм каде ги објавува неговите деца. 

Страната за брзо време собрала речиси 30.000 следбеници.

Потоа, Лиза ставила на продажба некои од сликите на веб-сајтот laurents.art, каде неговите дела биле забележани дури и од љубителите на уметноста од Велика Британија и Бахамите.

Семејство ги контактирала и њујоршка галерија која барала некои слики од Лоран.

Лиза вели дека на семејството ќе му биде тешко да се раздели со сликата наречена „Прсти“, иако за неа добиле понуда од 148.000 долари (околу 136.360 евра), додека сликата „Луѓе“ добила понуда од најмалку 67.000 долари (околу 61.730 евра).

„Тоа е првото дело на Лоран.

Многу сме приврзани за него и во овој момент не сме сигурни дали некогаш ќе го продадеме“, објаснува Лиза.

loran-ima-samo-2-godini-a-go-narekuvaat-maliot-pikaso-za-edna-negova-slika-dobil-ponuda-i-nad-130.000-evra-04.jpg

Медиумите наведуваат дека приватните изложби на Лоран ќе се одржат во август во неговото родно село Нојберн, а средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат депонирани на банкарска сметка на „малиот Пикасо“ и ќе му бидат достапни кога ќе стане полнолетен.

Повеќе фотки и видеа од „малиот Пикасо“:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава