Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца

Џастин Бибер немал пари ни за сок, Ники Минаж секоја вечер на колена се молела да стане богата, a Џенифер Лопез извеснo време била бездомник.

rastele-vo-mizerni-uslovi-so-roditeli-alkoholichari-svetski-zvezdi-koi-bile-siromashni-kako-deca-01.jpg

Холивудските ѕвезди имаат живот каков секој посакува.

Убаво изгледаат, славни се и богати.

Единствена обврска им е да уживаат додека ја завршуваат својата работа.

Меѓутоа, на многу од нив патот до славата не им бил распослан со рози.

Ова се дел од популарните личности кои не биле богати пред да станат ѕвезди:

Опра Винфри

Опра имала тешко детство.

Се облекувала во вреќи за компири, бидејќи нејзиното семејство немало пари за облека.

Живеела на фарма, а била и сексуално малтретирана додека била тинејџерка.

Сепак, успеала да избега од ужасните услови и се преселила кај својот татко во Тенеси, каде станала ученичка за пример и популарна меѓу врсниците.

Сето тоа е минато и денес таа е една од најбогатите жени во светот.

Леонардо ди Каприо

Пред да стане ултра популарен живеел во многу сиромашно семејство.

Неговите родители едвај врзувале крај со крај.

Пораснал во Источен Холивуд.

Неговата мајка работела како секретарка, а татко му продавал касети, но ниту еден од нив не заработувал многу пари.

Во интервју за магазинот „Телеграф“ во 2016 година изјавил дека парите му биле приоритет додека растел.

По улогата во филмот „Титаник“ во 1997 година, животот целосно му се променил.

Ники Минаж

Меѓу ѕвездите кои не биле богати пред да станат популарни е и рап-пејачката Ники Минаж.

Пораснала во Тринидад и Тобаго, во лоши семејни услови, со татко зависник од дрога, кој продавал работи од дома за пари.

Потоа ја запалил и куќата, додека нејзината мајка била внатре.

Во интервју за „Rolling Stone“ во 2010 година изјавила дека кога се преселила во Америка секоја вечер клекнувала покрај својот кревет да го моли Бог да ја направи богата за да може да се грижи за својата мајка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...

Најчитани неделава