Снег во Хрватска, поплави низ Централна Европа – морничави фотографии и видеа од циклонот Борис

Викендов земјите од Централна Европа се соочија со поројни дождови и поплави какви што немало со децении. Штетата е огромна, а има и загинати.

sneg-vo-hrvatska-poplavi-niz-centralna-evropa-mornichavi-fotografii-i-videa-od-ciklonot-boris-01.jpg

На 13-ти септември, во Хрватска падна првиот снег, под влијание на циклонот „Борис“.

За време на викендот, циклонот зафати голем дел од Централна Европа, а уште пред да почнат обилните врнежи, надлежните од земјите од оваа област изјавија дека се подготвуваат за најголемите поплави во изминатите неколку децении.

Иако циклонот се доближи до Балканот, за среќа не претставуваше закана за Македонија, но предизвика огромна штета во Полска, Романија, Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.

За период од 24 часа, наврна дожд колку за цел месец и многу делови од спомнатите земји се поплавени, а има и жртви.

Според информациите до 16-ти септември, во Полска се удавила една личност, во Романија загинале двајца, додека во Австрија загинал пожарникар.

Оштетени се илјадници домови, евакуирани се бројни луѓе, а само во Полска, над 17.000 жители останале без електрична енергија.

Надлежните ги опишуваат поплавите како „катастрофа од епски размери“.

Во Австрија, пак, во планинската област Тирол, има снежна покривка од скоро еден метар, што е невообичаено за овој период од годината, особено кога ќе се земе предвид дека пред само една недела, тамошната температура се искачуваше и до 30 степени Целзиусови.

Фотографии и видеа од поплавите споделени на Твитер:

Австрија

Полска

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Потресни сведоштва од несреќата во Лисабон: „Мислев дека и јас и внук ми ќе загинеме“ „Вагонот изгуби контрола и почна да се спушта со огромна брзина и удри странично...
Морничаво видео: Девојка падна во бездна од адреналинска лулашка во парк во Кина - починала на пат к... На трети мај, во адреналински парк во кинеската провинција Сичуан, млада девојка...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...
Гениј од Белгија докторира на 15 години – студирал квантна физика, ќе продолжи со медицина Лорен Симонс има само 15 години, но веќе е доктор на науки од областа на квантна...

Најчитани неделава