Морничаво видео: Девојка падна во бездна од адреналинска лулашка во парк во Кина - починала на пат кон болница
- Детали
- среда, 06 мај 2026
На трети мај, во адреналински парк во кинеската провинција Сичуан, млада девојка загинала додека ја пробувала адреналинската лулашка над бездна со огромна висина. Нејзините јажиња не биле добро прицврстени, па штом скокнала, се откачиле и паднала.

Во адреналински парк во кинеската област Сичуан, млада туристка загинала откако паднала од огромна височина.
Според кинеските медиуми, трагедијата се случила на трети мај, во паркот Malouyan.
Една од атракциите во паркот е адреналинската лулашка каде туристите врзани со јаже се спуштаат од огромна бездна со водопад.
Девојката сакала да ја проба лулашката, но јажињата не биле добро прицврстени. Па, во мигот кога скокнала, безбедносното јаже се откачило и таа паднала од огромна висина.
Вчера (05.05), на социјалните мрежи во Кина, а потоа и надвор од државата, а почна да се споделува и видео во кое се гледа страшниот момент кога јажето се откачува.
На местото на несреќата веднаш пристигнала брза помош, но девојката им подлегнала на повредите.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, првичната истрага покажала дека несреќата се случила поради пропусти во безбедносните мерки.
Вработените во паркот кои биле одговорни за атракцијата биле испрашувани.
„Моментално соработуваме со семејството за правилно да се справиме со последиците, а паркот е затворен“, гласи изјавата од надлежните во областа.
Погледнете го видеото:
Спирова С. | Црнобело