Сакала живот како принцеза, но доживеала кошмар – Тажната приказна на келнерка која се омажи за шеик

Сепак меѓу нив две немало ривалство. Двете сопруги на шеикот живееле во две различни палати, а брзо станале и пријателки, па заедно правеле торти, си разменувале подароци и се подготвувале за семејните прослави.

sakala-zhivot-kako-princeza-no-dozhiveala-koshmar-tazhnata-prikazna-na-kelnerka-koja-se-omazhi-za-sheik-07.jpg

Во 2008-ма година Наташа ја родила ќерката Алија, која го добила името во чест на бабата на шеикот. Како подарок од сопругот добила трет автомобил, дијамантски прстен и секако била пресреќна што може да им помага финансиски на нејзините блиски во родната земја.

Но, она што започнало како бајка набрзо се претворило во кошмар. Со оглед на тоа што Наташа е израсната во друга земја и друга култура, таа сакала да има право на глас и нејзиниот збор да се слуша, но сопругот постојано ја игнорирал.

sakala-zhivot-kako-princeza-no-dozhiveala-koshmar-tazhnata-prikazna-na-kelnerka-koja-se-omazhi-za-sheik-03.jpg

Заради постојаните кавги парот почнал да се оддалечува и во 2015-та година шеикот дома донел трета жена. Тој се оженил со гимнастичарката Зејнеб Џавадли од Азербејџан и целосно ја напуштил Наташа.

Наташа останала да живее сосема сама во палатата со ќерката, сопругот ја обезбедува финансиски, но тие двајца не се гледаат, а таа избегнува да се појавува во јавност.

sakala-zhivot-kako-princeza-no-dozhiveala-koshmar-tazhnata-prikazna-na-kelnerka-koja-se-omazhi-za-sheik-05.jpg

Во 2022-ра година шеикот Рашид беше топ тема, откако се дозна дека неговата трета сопруга Зејнеб објави видео во кое молеше за помош за да ја напушти земјата со децата. Во 2022-ра година таа целосно ги избриша профилите на социјалните мрежи и оттогаш ништо не се знае за неа.

sakala-zhivot-kako-princeza-no-dozhiveala-koshmar-tazhnata-prikazna-na-kelnerka-koja-se-omazhi-za-sheik-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава