Младите девојки се облекуваат речиси идентично - вирална фотографија предизвика лавина реакции

Ако погледнете фотографија од некој клас од средно училиште во Македонија, ќе видите дека сите девојки како да се облечени исто – во светли широки фармерки и монохроматски топови. Таква е ситуацијата и во светот. Кој е вашиот став – слепо следење на модни трендови или личен печат?

mladite-devojki-se-oblekuvaat-rechisi-identichno-viralna-fotografija-predizvika-lavina-reakcii-01.jpg

Фотографија од 9 девојки, облечени речиси идентично, стана вирален хит, а луѓе на социјалните мрежи коментираат дали младината воопшто има изградено свој моден стил и има некаков личен печат.

На фотографијата, направена во странство, сите девојки се облечени во светли фармерки и обични црни или сиви маички, а ова е редовна практика и кај нас во Македонија.

mladite-devojki-se-oblekuvaat-rechisi-identichno-viralna-fotografija-predizvika-lavina-reakcii-02.jpg

Дел од коментарите за фотографијата се:

„Модната инспирација од ТикТок очигледно е голем фактор врз младите, сите се речиси идентично облечени“.

„На фотографијава навистина има недостиг на индивидуалност и постои силна тенденција на следење трендови, кои се актуелни меѓу младата генерација“.

„Еднаш ја земав ќерка ми од средното училиште каде што учи и не можев да си поверувам на очите - речиси сите девојки беа облечени идентично“.

Слепо следење на трендови или свој личен печат врз стајлинзите? Кој е вашиот став?

mladite-devojki-se-oblekuvaat-rechisi-identichno-viralna-fotografija-predizvika-lavina-reakcii-02_copy.jpgфото: Твитер

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...

Најчитани неделава