Татко си е татко – Џо Бајден го спаси синот од затвор, иако му се закануваа 17 години зад решетки

До 17 години зад решетки и парична казна од 1,3 милиони долари - со оваа казна се соочуваше Хантер Бајден, синот на претседателот на САД во заминување. Но, татко му, ги искористи последните денови додека сè уште е на власт да го спаси од пресудата, која според него била нефер.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-01_copy.jpg

Претседателот на САД во заминување, Џо Бајден (82), во неделата (01.12) донесе неочекувана одлука да го помилува својот син Хантер Бајден, кому му се закануваше долг период во затвор.

Иако претседателот претходно тврдеше дека нема да се меша во правосудните одлуки, сепак, на крај „пресече“ и го помилува синот кој се соочуваше со сериозни обвиненија.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-02.jpg

Хантер (54) во септември годинава се изјасни за виновен за обвиненијата што се водеа против него за затајување на данок, фалсификување документи и неплаќање на обврските во периодот додека бил зависник од опојни супстанци, алкохол и сакал на лесен начин да се збогати.

Само за овие обвиненија му се закануваа до 17 години затвор и парична казна од околу 1,3 милиони долари, но според изјавите од правосудни експерти, дадени за NewYork Times, многу е веројатно Хантер да поминел најмногу до 36 месеци зад решетки.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-10_copy.jpg

Синот на претседателот Бајден се соочуваше и со федерални обвиненија дека дал лажни информации на апликациите за оружје.

Иако претходно татко му тврдеше дека нема да се меша во правосудните одлуки на државата и дека нема да влијае врз одлуката на судиите, вчера Џо Бајден направи пресврт и последните денови во Белата куќа ги искористи за да го ослободи синот.

Според него, Хантер бил третиран поинаку и луѓето никогаш не се соочуваат со обвиненија само заради начинот на којшто ја пополниле апликацијата за оружје.

„Ниту една разумна личност која ќе ги погледне фактите со случајот на Хантер нема да дојде до поинаков заклучок од тоа дека тој бил издвоен и третиран поинаку само затоа што е мој син и тоа е погрешно“ – изјави Џо Бајден во официјалното соопштение до јавноста.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-04.jpg

Според него, постоеле обиди да се уништи неговиот син и да му се наштети така што тој ќе го прекине периодот на трезвеност, кој трае повеќе од 5 и пол години.

„Се надевам дека Американците ќе сфатат зошто како татко и како претседател носам ваква одлука“ – рече Џо Бајден.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-05.jpg

Хантер Бајден исто така даде изјава за јавност и рече дека ја прифатил одговорноста за неговите грешки од минатото.

„Признав и презедов одговорност за моите грешки кои ги направив во периодот кога бев зависник – тие грешки беа искористени во јавноста со цел јавно да бидеме понижени јас и моето семејство, само за остварување на политички цели“ – рече Хантер.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-06.jpg

Со помилувањето од татко му, Хантер ќе биде ослободен од сите обвиненија.

Инаку, одлуката на Џо Бајден е на само неколку дена пред судот да донесе конечна одлука и да донесе конечна казна против Хантер.

Тој на 13-ти декември требаше да излезе пред суд за обвиненијата за оружје, а на 16-ти декември за затајувањето данок.

Ова беа први кривични обвиненија против Хантер, кој тврди дека веќе со години е трезен, а во меѓувреме ги исплатил сите трошоци, благодарение на богат пријател кој му позајмил пари.

tatko-si-e-tatko-djo-bajden-go-spasi-sinot-od-zatvor-iako-mu-se-zakanuvaa-17-godini-zad-reshetki-07.jpg

Прочитајте и Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајден?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава