Мајка со авантуристички дух критикувана – кампува со децата во предел со мечки, го става бебето на сноуборд

Планинари по секакви услови со двете деца на грб, преспива во шатори среде шума и им дозволува на децата да ја истражуваат природата на отворено наместо да се затворени дома – мајка со поинаков стил на одгледување на децата ги подели мислењата на следбениците.

majka-so-avanturistichki-duh-kritikuvana-kampuva-so-decata-vo-predel-so-mechki-go-stava-bebeto-na-snoubord-01.jpg

Адриана Скори е мајка планинарка од Канада, која на социјалните мрежи постојано споделува моменти од нејзиниот необичен начин на растење на двете деца.

Таа е вљубеник во природата, сака да истражува недопрени убавини, а нејзините деца ги учи на овој начин на живот уште од најмала возраст.

Со сопругот или сама, со нив на грб, во кенгур и ранец, таа пешачи, планинари, патува, преспива во шатори во природа и споделува искуства од нивните авантури.

Таа се залага за тоа дека за физичкото, но и менталното здравје е подобро ако се поминува време во природа, дека игрите на отворено за деца се многу подобри за развој отколку кога се затворени дома, како и дека авантурите не треба да сопрат само затоа што имате деца.

Секако, таа секогаш советува дека мора да се биде внимателен, децата секогаш да бидат добро опремени со соодветна облека и додатоци кои ги има со неа кои може да им затребаат.

Сепак, за овие храбри подвизи, покрај пофалбите, таа добива многу критики од останатите мајки, па на почетокот од годината, таа се пошегува на своја сметка и направи видео за сите работи за кои ѝ замериле во изминатата 2024.

majka-so-avanturistichki-duh-kritikuvana-kampuva-so-decata-vo-predel-so-mechki-go-stava-bebeto-na-snoubord-03.jpg

Во видеото, таа има собрано повеќе инсерти од изминатиот период, кои се однесуваат на неколку работи за кои луѓето на социјалните мрежи ѝ замерувале, а таа не ги гледа како негативни.

Листата содржи некои од следниве активности што ги прави:

  • Планинари и пешачи по различен терен додека е бремена
  • Кампува со децата во земја со мечки
  • Троши вода за да направи домашно лизгалиште
  • Охрабрува премногу мајки да планинарат со своите бебиња
  • Му дозволува на малото дете да борда на снег со цуцла
  • Планинари за тројка (себе и две деца на кенгур)
  • Му дозволува на бебето што го носи на грб да јаде нечистотии од земја
  • Форсира бебињата да спијат на покрив од автомобил, во шатор
  • Не останува во затворен простор за време на дождовна бура

majka-so-avanturistichki-duh-kritikuvana-kampuva-so-decata-vo-predel-so-mechki-go-stava-bebeto-na-snoubord-04.jpg

Сепак, иако кога ќе се прочита напишаното, можеби за некого изгледа страшно и во сурови услови, видеата покажуваат дека таа и децата се среќни и уживаат во времето поминато во надворешни услови и дека сепак не е толку лошо како што делува на прва.

„Мајчинството на отворено не е сечиј животен стил и желба, и тоа е во ред.

Јас сум самоуверена во моите родителски одлуки. Секогаш има нешто што ќе споделам за што другите не се согласуваат.

Но, чисто да се знае, не ги оставам децата сами на покрив од кола среде ноќ кога кампуваме“ - стои во описот на објавата.

Кликнете за да го погледнете видеото: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава