Искрена жена открива како ѝ изгледа стомакот откако станала мајка и испраќа апел

„Знам дека враќањето назад во форма по породувањето на мајките го гледаме како нивно најголемо достигнување, но навистина не треба. На нашите тела им е потребно време и не треба да го избрзуваме процесот“, вели Мелиса Сафилд од Велика Британија.

iskrena-zhena-otkriva-kako-i-izgleda-stomakot-otkako-stanala-majka-01_copy.jpg

Мелиса Сафилд е мајка и сопруга од Велика Британија која сака да ги охрабри сите жени да го прифатат и сакаат своето тело.

Таа смета дека прифаќањето и градењето на врска базирана на љубов со нашето тело е едно долго и тешко патување, но дека треба да се потрудиме.

Мелиса, на Инстаграм, каде има повеќе од 132.000 следбеници, постојано прикачува искрени фотографии од тоа како изгледа, без лаги и Фотошоп.

Една од нејзините објави на Инстаграм испраќа моќна порака до сите мајки:

„Сакај се токму таква каква што си мајко!

Знам дека враќањето назад во форма по породувањето на мајките го гледаме како нивно најголемо достигнување, но навистина не треба.

На нашите тела им е потребно време и не треба да го избрзуваме процесот, особено не поради чувството на притисок од поставување на некоја нереална цел, која социјалните мрежи нè натерале да веруваме дека е достижна.

Секогаш ќе бидете жена по раѓање и нема временски ограничен период колку трае постпартумот.

Се сеќавам, поминаа 12 седмици од породувањето и јас не знаете колку бев разочарана што не изгледав како претходно.

Сега е поминато многу време и уште не сум во старата форма.

И да, можеби мојот стомак се промени, но исто така се промени и мојот свет“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава