Мрачната приказна за тинејџерка од САД - 10 години била држена во ропство и злоупотребувана: „Уште имам трауми“

Имаше потрага по мене, но полицијата сметаше дека сум само уште една избегана тинејџерка.

Знам дека со него отидов по своја волја, но тоа не е оправдување за тоа што ми го направи.

Звучи чудно, но родителите на Томас беа многу стари и не ни сфаќаа што се случува, односно дека имаат киднапирана девојка под нивниот покрив.

Синот на Томас, кој беше 2 години помлад од мене, мислеше дека сум му девојка на Томас,. Томас ги контролираше нив, исто како и мене.

Ме силуваше по неколку пати на ден, живеев во неговата спална соба.

Ме тераше дури да ги запишувам деталите за секој напад во календар за да им се фали на пријателите.

Ми рече дека ако забременам ќе ме убие и секој напад беше како руски рулет.

Кога беше на работа, јас смеев да правам тивки активности, односно читање книги, гледање телевизија со тивок глас или слушање музика на слушалки, а место тоалет, требаше да користам кофа.

Бев послушна и живеев во страв да не го вознемирам и да бидам казнета со силување и тепање.

Се закануваше дека ќе ме убие во сон и ќе ми го фрли телото во ќесе. Ме убедуваше дека никој не се грижи за мене и затоа нема причина да бегам.

Мозокот ми беше испран буквално и правев што ќе ми кажеше.

Потоа ми смисли нов идентитет и оттогаш на сите им кажуваше дека сум му девојка, а од 2005 година ми дозволи и да работам во една продавница, а парите му ги давав нему.

mrachnata-prikazna-za-tinejdjerka-od-sad-10-godini-bila-drzhena-vo-ropstvo-i-zloupotrebuvana-ushte-imam-traumi-10_copy.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава